Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина
Мала група на борци почна да тепа млад колега фотограф. Ние бевме во близина затоа што сакавме да снимиме инсерти. Морам да кажам дека нашиот снимател Мирсад Буквиќ фасцинираше кога му пријде на момчето да му помогне. Жена која е демобилизиран борец со метална шипка го нападна момчето, а Мирсад при обидот да го спаси, и самиот настрада од таа шипка. Ова излезе од контрола. Има неколку пијани, неколку сомнителни за кои никој не знае кои се, а воинствената госпоѓа која користи метална шипка, инаку престојува во шаторска населба пред зградата во која претходно беше сместена Владата – јави новинарката на Ал Џезеира Надина Маличбеговиќ.
Ова е епилогот на неодамнешниот протест на демобилизираните борци кои веќе две години во Сараево се обидуваат да се изборат за своите права. Протестите се редовна појава во главниот град, но досега немало физички напади врз новинарите. Идентитетот на жената е Есма Туруљи, демобилизиран борец и естрадна пејачка. Не е во целост јасен мотивот за овој напад.
Колегите и неколку политички партии од опозицијата упатија поддршка на новинарите од порталот klix.ba и телевизијата Ал Џезеира Балкан. Лицата кои се одговорни за нападот на новинарите се уапсени и процедуирани. Новинарските здруженија, ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ во БиХ, и многу други организации го осудија нападот на новинарските екипи, а ја поддржаа интервенцијата на полицијата. За нападот се огласи и Мнозинство за печат.
Нејасно е поради што беа нападнати новинарите, бидејќи редовно следеа и известуваа за протестите, па и значајно допринесоа да се слушне гласот на борците. За волја на вистината, не може да се тврди дека зад нападите стојат борци, бидејќи се еаботи за неколку луѓе меѓу двеста протестирачи. Меѓутоа, факт е дека е недозволивиот напад на новинарите, за ден ја замени емпатијата која ја имаат поради тоа што власта спроведува тежок облик на манипулација со оваа социјална категорија, со осуда.
Меѓутоа, заканите кои новинарите на порталот klix.ba ги добиле телефонски отвораат сомнеж дека постои обид на борците трајно да им се залепи етикетата насилници. Имено, не е јасно зошто еден борец би се јавил во редакцијата и би се заканувал на најпопуларнот портал во државата, кога тој портал не објавувал негативно за борците, ниту на било кој начин има врска со барањата на борците кои се исклучиво работа на одлука која се носи во Парламентот на Федерацијата БиХ и на Домот на народот.
Дополнителен сомнеж во издвоеноста на овој инцидент носи и фактот што заканите ги упатил човек, кој е потоа лоциран и уапсен, а роден во 1987 година во Македонија, и почетокот на војната во БиХ ја дочекал на 5 години. Институциите на прогонот во БиХ, како и обично, работите ги решаваат половично и не ги разрешуваат, што при вакви осетливи ситуации е од голема важност.
Клучните работи како налогодавецот, врската со кампот, вмреженоста на ова лице со останатите е непозната. Така се остава впечатокот, кој на режимот му одговара, а тоа е дека борците се разуздана и алкохолизирана група која неселективно напаѓа новинари. Меѓутоа доколку би се докажало дека телефонската закана нема врска со претставниците на борците, би се појавил сомнеж дека тој повик е нарачан од страна на власта.
Со оглед дека се останува само шпекулација, фокусот на боречките барања краткорочно е заменет со овој инцидент. Меѓутоа, неколку дена борците блокираа сообраќајници на неколку места во државата, и сето внимание повторно е вратено на протестите.
Но, целата ситуација со нападот на новинарите, покажа дека Сараево не е сигурен град за нив. Имено, уште претходно во Сараево беше нападнат критичарот на режимот Неџат Латиќ. Го нападна професионален боксер, а случајот не е решен. Потоа нападнат е и професорот Енвер Казаз, иако го нападна режимски уредник на нискотиражен магазин, случајот остана неказнет, а редакцијата на магазинот го поддржа насилството. Новинарот на Н1 телевизија беше нападнат на Широкиот брег.
Од предоченото гледаме дека е нормализацијата на насилството во потполност успеа во БиХ, па ни нападот на Есма Туруљ не треба да се гледа изолирано, надвор од контекст на целосна незаштитеност на новинарите. Истиот случај потсетува дека режимот ќе се обиде да го искористи овој напад за политички отстрел на борците, наместо за решавање на трајниот проблем на незаштитеноста на новинарите. Општеството кон новинарите се однесува како маќеа, а нема простор за оптимизам.
*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




