Published: Wednesday, September 25, 2013 10:43
Возилото на директор на сектор во прилепскиот Тутунски комбинат, утрово бил запален во Прилеп. Додека пристигнала противпожарната единица, автомобилот целосно изгорел.
Автомобилот „форд“ бил во сопственост на 55-годишниот А.С. Полицијата трага по засега непознато машко лице кое му го запалило автомобилот.
Според првичните информации од Прилеп, инцидентот се случил на улицата Јуриј Гагарин. Засега нема информации за мотивите за ваквиот чин. Полицискиот увид се уште трае.




