Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕуроАктив: Скопје и Атина „браќа во криминал“

0
By Нова ТВ on September 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 25, 2013 12:13

Ќор-сокакот во спорот за името на Македонија помеѓу Атина и Скопје е „игра на двајца губитници“, а двете влади се „браќа во криминал“ по ова прашање, вели Радмила Шеќеринска, потпретседател на опозициската СДСМ во Македонија, пренесува Еурактив Грција.

Поголемиот дел од земјите на ЕУ ја признаваат Македонија под уставното име „Република Македонија“, но многу од нив рамо до рамо со Грција го отфрлаат терминот, нарекувајќи ја земјата, Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ или ФИРОМ).

Атина инсистира дека името „Македонија“ се однесува на сопствената провинција, исто така наречена Македонија во северниот дел на земјата.

Ова прашање се заканува со блокада на напорите на земјата во своите евроинтеграциски процеси, бидејќи Грција, како членка на ЕУ, има право на вето над било кои нови кандидати.

Радмила Шеќеринска, поранешен вице-премиер задолжен за европски прашања и лидер на опозицијата во Парламентот на земјата, го укори премиерот Никола Груевски, лидерот на централно-десничарската ВМРО-ДПМНЕ, за фокусот при прашањето за името, тврдејќи дека тој иницира внатрешни тензии наместо да се обидува да ги реши билатералните проблеми.

„Тој всушност беше доминантен при употребата на спорот за името за домашни потреби во внатрешната политичка дебата и дури не се ни обиде да изгради консензус, пристап базиран во името на македонските преговарачи“, вели Шеќеринска за ЕурАктив Грција.

Таа додава дека застојот при прашањето за името се користел како изговор „за некои од домашните таканаречени реформатори, при неиспорачувањето на некои од потребните промени во општеството“.

Шеќеринска ги обвинува двете влади, во Атина и во Скопје, за држење на двете земји како „заложници“.

„Мислам дека владите во Македонија и Грција се браќа во криминал поради начинот на кој ги држат двете земји како заложници, и се трудат политички да манипулираат по ова прашање наместо да ги подобрат билатералните односи“.

Таа вели дека Македонија ја плати најголемата цена во спорот со името, но додава дека Грција ја изгуби шансата за огромни инвестиции, особено по ветото од Атина во самитот на НАТО 2008 година.

„Мислам дека Грција изгуби огромна шанса во последните неколку години особено по ветото во 2008 година, да стане уште посилна на македонскиот пазар, да добие повеќе инвестиции, да има поголема политичка улога во регионот, и да се претстави себе како европски играч на Балканот“, вели таа. „Според мене, Македонија плаќа многу поголема цена, но верувам дека ова е стратегија на обострано губење, а за тоа се виновни премиерите на двете земји“.

Приоритетите на Грција за престојниот мандат на ротирачкото претседателство на Европскиот совет, не ги вклучуваат политиката на проширување, и покрај претходната посветеност од страна на Атина за промовирање на проширувањето на блокот во Западен Балкан.

Шеќеринска вели таков пристап би претставувал лицемерие.

„Грчката влада веројатно ги избегнува критиките за лицемерство, бидејќи би било многу тешко за претседателството на Грција да тврди дека проширувањето е приоритет, доколку всушност една од земјите која би можела да оди напред е сеуште блокирана поради вето од Грција“, вели таа.

Осврнувајќи се на перспективите на земјата под грчко вето, таа нагласува дека доколку кандидатот ги гледа своите перспективи замрзнати „тогаш ситуацијата се влошува внатрешно. Ова е големата лекција“.

Заменик-лидерот на опозицијата, додава дека јавноста станува рамнодушна и разочарана од Европската унија. Според неа, ситуацијата со медиумите во земјата е „непристојна“.
„Голем дел од новинарите и медиумските здруженија кои сакаат да си ја одработат работата професионално се под голем притисок“, надополнува Шеќеринска.

На прашањето кое би било соодветното име на Македонија, Шеќеринска вели:

– Кога бев мала, се жалев дека не ми се допаѓа моето име, но потоа сфатив дека имањето ретко име всушност помага. Така, времето е елемент. Како граѓанин на оваа земја – и јас бев израсната под името Македонија, навистина не ја разбирам грчката позиција. Но меѓународната политика исто како и домашната, понекогаш мора да реши еден проблем кој се чини ирационален.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.