„Гостите и говорниците на фестивалот се веќе на пат кон Македонија, господинот Субрата заедно со семејството исто така се очекува да пристигне, се е подготвено за првиот Сахара балкански мировен фестивал“, изјави Амриш Чандра, главен координатор на Сахара Балканскиот мировен фестивал.
Точно на пладне на плоштадот Македонија започна мултимедијалниот перформанс со кој изведувачите, поп ѕвездите, организаторот Сахара Групацијата ги повикаа миротворците да дојдат во Скопје.
.jpg)
„Месец септември го посветивме на мирот и против насилството, затоа организиравме повеќе настани, танчерски и перкусионистички точки со кои преку еден универзален јазик се испрати иницијална порака, поп ѕвезди со својата песна ја дадоа поддршката за фестивалот, ги поставивме големите букви за да го материјализираме мирот и да направиме самиот збор ‘мир’ да биде поблиску до граѓаните. Во истата насока следи уште еден настан со иста обединувачка и мотивирачка идеја. Гостите и говорниците на фестивалот се веќе на пат кон Македонија, господинот Субрата заедно со семејството исто така се очекува да пристигне, се е подготвено за првиот Сахара балкански мировен фестивал“, додава Чандра.
Најавени се дел од содржините на мировниот фестивал. Ќе биде отворен со штафетата на мирот која што ќе ја носат македонски јавни личности, а официјалното започнување на фестивалот е со полноќниот настан на Камен мост, кога симболот на обединување и премостување како и центарот на Скопје ќе бидат обоени во сино. Еден од говорниците на самитот ќе биде Субрата Рој, кој заедно со семејството пристигнува во Скопје порано.
„Сахара Групацијата одлучи мировниот фестивал да се организира тука, затоа што овие простори некогаш преживеаја бурни времиња а денес уживаат во благосостојбата на мирот. Тоа значи дека семето на мирот е засеано тука, ги нема веќе бурите од вчера, утре ќе го живееме она што ќе го создадеме денес и затоа денес е сè што имаме. Затоа е време да започнеме и ние да размислуваме за оваа тема, што би можеле да направиме како индивидуалци за зачувување на мирот“, заклучува координаторот на фестивалот.




