Според резултатите од анкетата на Центарот за истражување и креирање политики , Никола Груевски 38 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно, а 18 проценти имале негативно мислење.
За Зоран Заев позитивно мислење имале 15 проценти од граѓаните , а 34 негативно мислење. Слични се податоците и за Радмила Шеќеринска. 15 имале позитивно и 33 негативно мислење.
Лилјана Поповска добила 22 проценти доверба , а негативно мислење од 19 проценти. Андреј Жерновски има 16 проценти позитивни , а 29 проценти негативни критики. 7 проценти имале позитивно мислење за Мендух Тачи , а негативно 34 проценти. Позитивно се изјасниле 10 проценти за Али Ахмети, а негативно 35 проценти.
И на прашањето за толерантност во телефонската анкета спроведена од 20 – ти до 23 – ти септември на 1092 испитаници води Груевски со 26 проценти како најтолерантен политичар. 7 проценти за толерантност освоил Зоран Заев и 5 – Али Ахмети. На прашањето која партија најдобро би се справила со меѓуетничките односи за ВМРО ДПМНЕ се изјасниле 17 проценти , а за СДСМ и за ДУИ по 4 проценти од испитаните. За ДПА свое мислење дале 1 процент од граѓаните. И на прашањето која партија најдобро може да се справи со невработеноста 30 проценти одговориле дека тоа е ВМРО ДПМНЕ , 3 проценти се изјасниле за ДУИ , 4 за СДСМ , а другите партии добиле незначителен процент.
Истражувањето е спроведено во рамките на проектот подржан од европската унија „Партнерство за отворена влада- право да знаеш во Европа“.




