Нема поголема дрскост, безобразлук и понижување на граѓаните од поставувањето на првите братучеди и кумот за контролори и трошачи на парите на граѓаните, реагираат од СДСМ.
Од опозициската партија потенцираат дека во поновата политичка историја на Европа, ваков случај на непотизам не е забележан.
– ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите на Заеви ги вади истите документи со години наназад, пред секој изборен циклус, се вели во реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз.
Тие упатија прашање до премиерот Груевски, дали Сашо Мијалков заработил една милијарда евра на грбот на македонските граѓани.
Заев го повикува Груевски на дуел за честа
„Дали Вие, Мијалков и Ставрески сте мозокот на операцијата во којашто последниве 7 години се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?“ гласи прашањето на СДСМ во рекацијата.
Претходно, по обвинувањата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека фирмата „Јавор Шпед“ преку склучени договори за јавни набавки со општина Струмица заработила 1, 600 милиони, лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара ТВ дуел со премиерот Груевски на тема чест и морал.




