Млад неготинец загина во тешка сообраќајка што се случила на патот Кавадарци-Росоман кај местото Сверова падина, соопшти МВР.
Сообраќајката се случила синоќа во 20.20 часот, кога автомобил „опел омега” управуван од 34-годишен кавадарчанец, удрил во мопед „томос” кој бил паркиран на десниот раб од колозовозот.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило „опел омега“ со кавадаречка регистрација управуван од кавадарчанец роден 1979 година, мопед „томос“ управуван од 20-годишен неготинец и пешак од Кавадарци, роден 1979 година.
– Возачот на мопедот заедно со пешакот стоеле на десниот раб од коловозот при што наишол патничкиот моторен автомобил и при заобиколувањето удрил во нив. Од ударот, на лице место загинал моторциклистот, а пешакот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во кавадаречката болница по што бил пуштен на домашно лекување, изјави Анита Стојковска, од СВР Велес.
Извршен е увид на лице место и се утврдуваат точните причини за несреќата.




