Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншкиот комитет загрижен за правата на глуво-немите

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2013 12:35

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го следeшe вчерашниот протест на граѓаните со оштетен слух (глуви и наглуви лица), кој беше одржан пред Министерството за труд и социјална политика и пред Националниот сојуз на глуви и наглуви лица.

Врз основа на барањата на оваа категорија граѓани, Комитетот ги нотираше проблемите со кои тие секојдневно се соочуват при социјалната инклузија но и пред институциите.

Имено, нивниот револт се должи на нетранспарентната работа на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, неговото раководство и начинот на кој им се овозможува пристап до права како членови на Сојузот, иако согласно активностите се предвидува овозможување на правна помош и советување за засегнатите лица.

Поради ова, беше побарана оставка од претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица како и ревизија на работењето на Сојузот, од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Една од поважните причини за нивниот револт е и бројот на толкувачи запишани во регистарот кој го води Министерството за труд и социјална политика, односно на околу 6000 глуви и наглуви лица – 12 толкувачи на цела територија на Република Македонија.

Работењето на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија е регулирано со Законот за употреба на знаковниот јазик во кој е утврдена и соработката со Министерството за труд и социјална политика, особено во делот на обучувањето на толкувачи и нивно стекнување со сертификати за работа. Со оглед на тоа што Министерството за труд и социјална политика е задолжено да врши надзор на спроведувањето на овој закон, тоа е обврзано да ја следи и работата на Сојузот при спроведувањето на активностите во делот на обезбедување секаква можна помош за лицата со оштетен слух, вклучително и постапката за стекнување на сертификат за толкувач.

Комитетот изразува загриженоста за пристапот до права и правда на оваа категорија на граѓани особено затоа што Република Македонија со ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост има обврска да обезбеди услови за целосен пристап и остварување на граѓанските, политичките, економските, социјалните и културни права. Од особена важност е граѓаните да бидат информирани за нивните права согласно домашното и меѓународно законодавство, а институциите да ги почитуваат тие стандарди и правила.

Хелсиншкиот комитет го поздравува ревидирањето на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност 2010-2018 и истовремено потсетува на нејзиното систематско имплементирање во пракса, за да не се дозволи оваа категорија на граѓани да останат невидливи, затворени во своите домови и без можност за социјализација и интеракција во општествениот живот.

За таа цел, Комитетот ќе обезбедува бесплатно правно советување на оваа категорија на граѓани и ќе ги информира за нивните права и обврски како и за воспоставување на комуникација со државните институции согласно националното законодавство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.