Published: Thursday, September 26, 2013 13:16
Уште триесет дена притвор за новинарот Томислав Кежаровски, одлучи Кривичниот совет на Основниот суд 1 во Скопје. Ова е петто по ред продолжување на притворот за новинарот.
Ново продолжување на притвор од 30 дена добија и останатите обвинети во случајот Ликвидација.
Томислав Кежаровски беше уапсен во акцијата Ликвидација, под сомнение дека во текст што ги објавил пред пет години во магазинот „Репортер 92“, наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок.




