Граѓанската опција ГРОМ најави дека прераснува во партија, но и дека ќе истакне свој претседателски кандидат на престојните избори во март 2014-та.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски за во сабота го најави основачкото собрание на ГРОМ.
– Сакам да ве известам дека досега 1.100 наши симпатизери и приврзаници имаат потпишано нотарски заверени изјави со кои потврдуваат дека учествуваат во основањето на нашата партија ГРОМ. Изминатиот временски период многу граѓани ни пристапуваа и се интересираа за новата политичка опција, досега имаме 13.000 членови, очекуваме дека тој тренд на пораст ќе продолжи и ние полека, но сигурно наредниот период ќе се подготвуваме за изборите во март наредната година, рече лидерот на партијата Јакимовски.




