Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинетите пратеници жалат за истепаните колеги на 27 април

2
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 24, 2018 16:55

Се чувствувам нелагодно и збунето, бидејќи првпат сум во судница за 44 години и е многу понепријатно од Собранието, рече во воведниот говор во Кривичниот суд, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

„Основата на обвинението е како од книгата „Дружината братско стебло”, рече Мукоски, пренесе Макфакс и додаде дека освен со колегите, не се познавал со останатите обвинети и според тоа, обвинението е во една основа нелогично. Мукоски, исто така кажа дека не го попречиле изборот на Претседател на Собранието, туку правеле кворум и дека жали за тоа што се случувало на пратениците, бидејќи тој со нив работел со години.

По Мукоски, воведен збор даде и пратеникот Сашо Василевски кој исто така рече дека немал никаква комуникација при која се спремало план да се спречи изборот на претседател.

„Не ни можам да направам акт на тероризам. Се заколнав и пред моето семејство дека ништо не сум знаел, не сум договарал, дека сум имал некаква умисла. Вакво обвинение со кое се обвинуваме за тероризам го има само во Македонија и Венецуела“,  рече Василевски.

Мускоски и Василевски беа дел од пратениците кои на 27 април ги отворија вратите на Собранието, по што толпата влезе во зградата, а со нив и лицата со качулки, по што започнаа насилствата.

Адвокатот на Нинџа: За време на нападот во Собранието, Нинџа беше во кафуле

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Оливер Вуксановиќ, во воведните зборови во судницата кажа дека ќе докаже оти неговиот браненик на 27 април не бил во Собранието за време на организираниот напад лани. Тој кажа дека не е точно обвинението оти Нинџа бил организатор, налогодавач и координатор на нападот на Собранието. Нинџа е еден од 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.

„Ќе ви ја претставиме шемата на движење на Александар Василевски, ниту влегол ниту бил во Собранието како што Обвинителството бомбастично најавува и дека Кољо и Нинџа го координирале нападот на Собранието. Ќе докажеме во доказна постапка дека Александар Василевски во тој период пиел кафе и уживал во ресторанот ‘Дион’ и кафулето „’Тренд’ за што може да има проблем само со неговата сопруга, а никако со државата за насилно рушење на уставниот поредок”, рече Вуксановиќ.

Адвокатот Јанев: Игор Југ влегол во Собранието за да го одбрани Уставот

Адвокатот на Игор Југ кажа дека наводите на Обвинителството дека обвинетиот Игор се упатил кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштол се само празни зборови и чиста клевета.

Адвокатот Сашо Јанев рече дека Игор Југ влегол во Собранието на 27 април за да спречи пуч, за да спречи неуставен избор на претседател на Собрание, како и поради револт од пеење на химна на странска држава.

„Игор Југ ми одговори дека влегол во Собрание за да го одбрани Уставот, бидејќи, како државјанин бил должен да го одбрани суверенитетот на својата држава. Мојот клиент ми одговори дека срамота е маж од 120 килограми, патриот, да стои и да гледа како баби и дедовци влегуваат да го бранат Уставот и ми одговори дека нема да можел да се погледне во огледало доколку на 27 април не влезел со толпата во Собрание за да го одбрани Уставот“, рече адвокатот Јанев пред судот.

Според обвинителниот акт, на 27 април обвинетите извршиле насилен напад врз една од најважните институции – Собранието. Нападот не бил резултат на зовриени емоции кои еруптирале, туку е организиран и спроведен напад од страна на обвинетите, рече во воведното образложение на обвинението, обвинителката Вилма Русковска. Според обвинението, секоја група си имала свои задача, а Игор Југ имал задача да го ликвидира Зоран Заев.

За настаните од 27 април во Собранието, обвинети се 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.