Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

0
By Zoran Ivanov on June 12, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2026 22:51

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до потпишување договор што треба да стави крај на војната на Блискиот Исток, пренесоа светските агенции.

Трамп веста за прекин на непријателствата ја соопшти за време на телефонско вклучување на собир за поддршка на политичките сојузници, а изјавата ја почна со реченицата: „Не знам дали слушнавте…“

Не знам дали слушнавте, но денеска ја завршивме војната со Иран. Се согласија дека никогаш нема да имаат нуклеарно оружје, што е нешто на што инсистиравме. Тоа беше целата цел. Тоа сочинуваше деведесет и пет отсто од сè, рече американскиот претседател.

Според зборовите на Трамп, „големиот договор“ ќе го разреши конфликтот и ќе доведе до отворање на Ормускиот Теснец. Тој најави и дека потпретседателот Џеј Ди Венс би можел да присуствува на церемонијата на потпишување на договорот во Европа во наредните неколку дена.

Трамп рече и дека разговарал со голем број светски лидери, меѓу кои и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пред објавата за постигнување договор, Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе го заземат стратешкиот ирански остров Харг, од каде што Иран извезува околу деведесет отсто од својата сурова нафта.

Со тоа, Соединетите Американски Држави би презеле целосна контрола врз иранската трговија со нафта и гас, „како што направивме во Венецуела“, додаде американскиот претседател.

Сепак, нападите не беа изведени бидејќи американскиот претседател ги откажал.

Од друга страна, од Техеран пристигнува значително повоздржана реакција.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави на државната телевизија дека извештаите за конечен договор се „шпекулативни“ и дека „ништо сè уште не е финализирано“.

Багеи потврди дека поголемиот дел од текстот на меморандумот е усогласен, но го обвини Вашингтон дека во последен момент поставува „претерани барања“ и „нови услови“, нагласувајќи дека Иран нема да отстапи од своите „црвени линии“.

Војната во Иран почна на 28 февруари со заеднички американско-израелски воздушни напади. Уште првиот ден беше убиен врховниот водач Али Хамнеи, како и поголем број високи државни и воени функционери.

војна Договор заврши Иран Мир Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.