Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Непоправливи штети од лажните патриоти

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2013 15:59

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска излезе со реакција на обвинувањата на пратеникот Антонио Милошоски, за нејзиното вчерашно интервју во Еуроактив.

-Вчера и денес можевме да се увериме дека партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ и од неа контролираните мегафони кога бегаат од дебата за било кое прашање знаат само да плукаат и да ја лажат македонската јавност. И затоа денеска би сакала да зборувам за вистинските работи кои што сериозно во Македонија ги влошуваат и имиџот на државата и ги нарушуваат нејзините преговарачки позиции.

Денеска слушаме дека грчкиот министер за надворешни работи ќе имал полесна задача, бранејќи ја својата земја и дека Македонија ги нарушила позициите во делот на спорот со Грција околу нашето уставно име.

Она што мислам дека е вистина, вистина која што пред се ја знае македонската јавност е дека на имиџот на Република Македонија и на нашите преговарачки позиции и нанесуваат непоправлива штета некои други нешта.

И нанесува непоправлива штета фактот дека над 120 дена имаме притворен новинар. И нанесува непоправлива штета фактот дека во Македонија секоја година тонат, на сите објективни листи, медиумските слободи. Се затвараат медиуми, се ограничува слободата на изразување.

На Македонија и причинува ненадоместлива штета фактот дека судовите носат одлуки по партиска мерка, дека највисоката сиромаштија во Европа е регистрирана овде, токму во Македонија. На Македонија и нанесе ненадоместлива штета дека власта, владата и претседателот на македонското Собрание наредија најдиректно да се крши македонскиот Устав и македонските закони, со исфрлањето и на опозицијата, меѓутоа и на новинарите од законодавниот дом.

Ова се работите коишто постојано ја поткопуваат македонската преговарачка позиција. Ова се работите коишто Македонија секојдневно ја кочат во нејзиниот оправдан пат кон европско членство и членство во НАТО.
Меѓутоа, бидејќи слушаме денеска повици, слушаме удирања во гради кој тоа го бранел уставното име и правото на Македонија да си го користи уставното име, денеска не сакам да ве убедувам со зборови, туку да ве убедам со два докази.

Еве погледнете како така наречената патриотска партија којшто сите ги обвинува дека недоволно ги бранат позициите на државата, се согласила да биде примена во својата асоцијација на конзервативни партии. Погледнете го името коешто стои на официјалните документи на ЕПП, ВМРО – ДПМНЕ стои позади најлошата формулација за кратенка која било кога сме ја виделе – ФИРОМ.

Еве погледнете како нас, кои што не критикуваат дека не доволно добро сме ги бранеле позициите на државата, погледнете како нас не дефинираат во т.н. Социјалистичка интернационала, Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Еве ја разликата помеѓу бранење на државата на зборови и бранење на државата со дела.

Еве ја разликата помеѓу удирање во гради, ама само на домашен терен и работа за интересите на Република Македонија таму каде што треба.

Почитувани новинари, почитувани граѓани јасно е зошто е потребно сиве овие денови да се врши линч врз поединци и врз целата опозиција.

Власта нема одговор на ниту едно од прашањата коишто и ги поставуваат македонските граѓани, затоа таа ќе продолжи да бара виновници и ќе продолжи да сее магла и лаги. Ние нема да одговараме на истиот начин, ќе одговараме со докази и со конкретни аргументи.
Вистината на крајот секогаш победува, изјави Шеќеринска.

Во коментарот на Шеќеринска за обвинувањата на Антонио Милошоски повикува на единство а не лажен патриотизам:

Не ги чув, ни колегата Милошоски ни останатите од владејачкото мнозинство да изразат желба и амбиција за единство, кога десет пати ги повикувавме на такво нешто, овде во македонското Собрание.

Таа е истата партија, која ја одби секоја иницијатива, за најважната тема, да дискутираме на отворен и на сериозен начин. Луѓе кои имаат аргументи во своја рака, луѓе кои имаат верба во сопствената политика, луѓето кои знаат дека имаат резултати во одредена област – не бегаат од дебати. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ затоа што знае, дека ако не се споредуваат зборовите, туку се споредуваат делата, немаат со што да се пофалат.

Македонија се мачи со овој спор, наметнат од Грција веќе 22 години, од моментот кога сме независни. И секогаш проблемот постоел и влијаел негативно на Македонија. Меѓутоа имало разлика. Во 2005 година под раководство на влада на СДСМ, Македонија доби зелено светло и од Грција за кандидатскиот статус. Не затоа што Грција попозитивно гледаше на Македонија, туку затоа што водевме попаметна, помудра, подолгорочна политика.

Во изминативе седум години, освен бранење на државата, ама со изјави, бранење на нејзините позиции, таму каде што членува ВМРО ДПМНЕ не видовме. Замислете, партијата која ги обвинува сите за попустливост и предавство еве како став вели дека е нејзин партиски став: ФИРОМ.

Откако ќе го видам господинот Милошоски да се побуни во своите партиски редови, за ваквиот став, кој го нема ниту во Либералната ниту во Социјалистичката Интернационала, тогаш ќе прифатам да слушам лекции за патриотизам. До тогаш, се е ова сеење магла и сеење лаги, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.