Срцевите заболувања во пораст- каде затајува системот?
Драстично се зголемува бројот на срцеви заболувања. Само минатата година 11 926 луѓе починале од болести на циркулаторниот систем и овие болести опфаќаат 60 проценти од сите смртни случаи во државата.
Овие податоците на Државниот завод за статистика денеска ни ги презентираше Институтот за јавно здравје.
Но, што прават институциите за да се намали трендот на пораст на срцевите заболувања. Очигледно кампањите кои се организираат по еднаш во годината, 13 години по ред не се доволни за да се делува на ова поле. Во државата 1/3 од децата се дебели, а рапидное зголемен бројот на деца кои пушат и пијат алкохол.