Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Судовите да ги забрзаат предметите на СЈО за да не застарат

1
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 13:25

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева упати критика до судовите особено до Врховниот сметајќи дека тие мора да ги забрзаат предметите што се водат пред нив, а на обвинение на СЈО.

-Иако Врховниот Суд нема конкретен рок за одлука сепак мислам дека во случајот Труст ја злоупотреби својата положба и овластување со одлагањеето на одлуката за притвор за обвинетите. Тоа им овозможи на двајца (Грујевски и Бошковски) да добијат инсајдерски информации и да избегаат од државата, рече Јанева на презентацијата на преодниот извештај на ОБСЕ за судските предмети на СЈО.

Таа упати апел судовите почесто да закажуваат рочишта за предметите на СЈО како по примерот на случајот 27 април за кое веќе се закажани 55 рочишта.

– Иако Законот за кривична постапка не предвидува рок до кој едно обвинение мора да се потврди, времето меѓу поднесувањето на обвинение и негово потврдување може да се смета како предолго, а тоа создаде перцепција дека судот е пристрасен и е против судење во разумен временски рок, а истите особено загрижуваат во врска со случаите каде треба наскоро да настапи апсолутна застареност, се вели во заклучоците на извештајот.

Поради тоа од ОБСЕ препорачуваат да се измени и дополни законодавството во согласност со Националната стратегија за реформи во правосудството за периодот 2017-2022 година и да се решат постоечките ограничувања во законската рамка кои можат да ги спречат тековните истраги на СЈО.

Мишел Принс правен советник на ОБСЕ рече дека кај оваа организација постои загриженост дека СЈО до сега покренало само истраги и обвиненија за сегашната опозиција, а не и за власта.

Јанева коментирајќи ја оваа забелешка рече дека од слушањето на разговорите, јасно е дека најкомотно се однесувала тогашната владејачка партија бидејќи како што рече сметале дека никој не ги прислушкува нивните разговори. Сите други опозицинери имале сомневање дека се врши присслушување и биле внимателни во разговорите. Јанева рече дека има предистражни постапки и за некои тогашни опозицинери, но не можат засега да наидат на некој кривично птавен доказ за да бидат обвинети.

В.д. шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстин смета дека треба да се обезбеди целосна одговорност за можните кривични дела откриени преку прислушуваните разговори.

– Од особена важност е да се решат прашања поврзани со иднината на СЈО и на отворените истраги во кои нема покренато обвиненија, рече Голдстин на денешната презентација на извештајот.

Исто така ОБСЕ забележува дека симптоматично е тоа што во предметите на СЈО судовите речиси и да нема изречен притвор, а во другите случаи судовите често ја изрекуваат таа мерка.

Јанева рече дека е задоволна со досега поднесените обвиненија и рече дека со добивањето на надлежноста врз други предмети, во следниот период ќе отворат нови истраги.

СЈО има отворено вкупно 20 предмети поврзани со прислушуваните разговори, а од Јавното обвинителство ги има преземени предметите за убиството кај Смилковското Езеро, „Пуч“, „Сопот“ и „Шпион“. Обвинетите се 142 лица и седум компании. До крајот на јануари годинава потврдени се вкупно 20 обвиненија, а најчестото дело за кое гони СЈО е злоупотребата на службената положба и овластување. СЈО во овој период води и 12 тековни истраги.

Изрази и задоволство од сораотката со ЈО, ЈО за организиран криминал и корупсција и со другите институции, за која рече дека е многу подбрена.

На денешната презентација на Извештајот на ОБСЕ учествуваат и дел од адвокатите кои ги бранат обвинетите во предметите на СЈО.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.