Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Reborn – портал кој докажува дека може и поинаку

0
By Нова ТВ on August 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 30, 2018 20:45

Reborn е првиот македонски портал од забавен карактер, на кој не можете да прочитате неделен хороскоп. Порталот е создаден и воден од тим млади ентузијасти кои веруваат во својата визија и нудат нешто поразлично во македонскиот медиумски простор. На моите прашања одговори Димитар Попов, основач на Reborn.

Од каде идејата за создавање на ваков тип на медиум?

Помина најмалку една деценија како културата во Македонија, особено алтернативната, не го добива вниманието кое го заслужува. Медиумите, фокусирани на други прашања, не можат да постигнат да им ја дадат на младите (креативци) поддршката која им е потребна. И тоа е тотално разбирливо, но за нас не беше прифатливо.

Веруваме дека правецот во кој една земја ќе се движи и развива зависи од многу фактори, а еден (многу важен) од нив е културата. Ако ја игнорираме, ризикуваме да останеме заглавени во светот во кој живееле нашите родители, без да создадеме свој.

Себеси се доживуваме како платформа која промовира сè што е добро и локално. Промовираме дека треба да продолжиме да се движиме нанапред. Не сме фокусирани само на култура, туку одвојуваме и многу простор за споделување на секакви успешни приказни на млади луѓе – од тоа како започнуваат свои бизниси, па сè до спортски достигнувања.

Го започнавме Reborn со идејата дека младите луѓе заслужуваат поддршка и мотивација за да започнат и за да продолжат да создаваат убави и нови работи и дека навистина има многу причини за да се остане и да се вложи во Македонија.

Колку е лесно да се дојде до финансии за функционирање на порталот?

Постоиме точно 3 години, од кои првите година и половина ги поминавме претежно во промовирање на начинот на кој функционираме кај локалните бизниси. Главниот начин на кој магазинот заработува е преку спонзориран контент, кој пред Reborn речиси и не постоеше во Македонија. Ни требаше време за да докажеме дека ова е новиот начин на кој се прави маркетинг, но успеавме.

Денес работиме не само спонзориран контент, туку и видео продукција, организација на евенти, ПР и на брендинг и промоција на барови и ресторани. Соработуваме со одлични големи македонски и интернационални компании и се надеваме дека ќе продолжиме да растеме, да учиме и да стануваме сè подобри.

Дали сте имале идеја да ја проширите платформата во некој друг облик, Тв или радио емисија, рубрика во некој пишан медиум?

Дефинитивно. Reborn и содржината која ја продуцираме се има променето од почетокот и ќе продолжи постојано да се менува. Започнавме со пишан контент, а денес работиме и на видео серијали и организација на настани (наши и за нашите клиенти).

Планираме да се прошириме во друг облик наскоро. Не би сакале да се подрчеме, па сè уште не споделуваме за каков облик станува збор. Но секогаш може да нè следите и да видите кога ќе се случи 🙂

Какви ви се плановите за во иднина?

После 3 години поминати во експериментирање со Reborn, особено во тоа како да го направиме финансиски исплатлив, сега навлегуваме во територија која ни дава одредено ниво на комфорт и можност да работиме на „плановите за во иднина“, кои ни биле желба веќе долго време. Неодамна се вселивме во нови, поголеми канцеларии, кои можеме да ги наречеме „дом“ и во последните 3 месеци нашиот тим (и количина на обврски) се дуплираа.

Да одговорам на прашањето, за нас се чини дека иднината за која сонувавме конечно е тука. Вложуваме многу време и енергија во тоа да го искористиме овој момент и да сработиме сè што сакаме и на што се имаме нафатено. Ова се многу важни и критични моменти од нашето постоење. Но знаеме дека со поддршката која ја добиваме, особено од новите (и многу помлади) таленти кои се сега дел од Reborn, можеме успешно да поминеме низ овој период на раст и созревање и да се стабилизираме во креативна компанија фокусирана на внесување на нови и свежи идеи во Скопје.

Дали сте задоволни од посетеноста на порталот?

Да, задоволни сме од посетеноста и уште поважно – неверојатно сме задоволни и благодарни од поддршката која ја добиваме од читателите. Никогаш немаше да имаме сила и храброст да го направиме Reborn наше секојдневие, наша фул тајм работа во која целосно ќе се вложиме, ако не беше таа поддршка.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.