Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва „Ноќ на истражувачи“ на плоштад Македонија

0
By Нова ТВ on September 27, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2013 10:33

„Ноќ на истражувачи“ ќе се одржи во петок на плоштадот Македонија во Скопје, во периодот од 18 до 23 часот.

Проектот „Ноќ на истражувачи“ е финансиран од Европската унија и е дел од Седмата рамковна програма „Марија Кири”.

„Целта на оваа активност е на забавен и интерактивен начин да ја доближиме науката до јавноста, како основен двигател на општествениот и економскиот развој. Настанот опфаќа низа активности и промотивни настани кои се насочени кон различни возрасни групи. Така, најмалите ќе имаат можност да го истражуваат небото и планетите во Планетариумот во Скопје. На самиот ден граѓаните ќе имаат можност да се напијат кафе со неколку еминентни научници од различни области во кафе Фиренца во 11 часот и да поразговараат за првиот робот во Македонија”, информираат организаторите, Факултетот за Деловна економија и организациони науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Активностите започнуваат во 18 часот со квиз за Европа во Европското катче, понатаму со презентација на научни постери и со интерактивна игра за тинејџерите „Истражи ја Македонија – Потрага по богатство“ околу Градскиот плоштад во Скопје.

Секој има можност да учествува со пријавување на соодветните штандови, да решава гатанки, да пронаоѓа историски локации и да добие интересни награди.

Во 18.30 часот ќе се презентираат можности за стипендии и проекти, и во 19 часот започнува можноста за тестирање на мириси и се отвора катчето за забава. Во катчето за забава ќе има активности за најмладите, но и за повозрасните истражувачи кои сакаат да истражуваат и да изработуваат оригами, фигури од глина, да сликаат, и да видат необични хемиски експерименти.

Видеата од видео натпреварот за студенти ќе бидат презентирани околу 19:30 часот, по што ќе следат и другите награди за најдобар научен постер и за најдобар есеј на тема „Науката е во тебе, љубопитноста е… насекаде. Кон европски развој!”.

Од 20.30 часот започнува пантомима претставата „Љубопитни за Теоријата на Чарлс Дарвин“.

Организацијата ги помага истражувачите како индивидуи, се одржува четвртиот петок во месец септември во над 300 градови ширум Европа. На тој ден низ цела Европа се организираат интересни и забавни активности преку кои се покажува колку е возбудлива науката и колку е присутна во секојдневниот живот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.