Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошкоски во „Тортура“: Апсењето сакам да го избришам од меморија

3
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 3, 2018 11:31

Мене ми е многу жал што се случи таков настан, настан што сакам да го избришам од мојата меморија, но еве со денешново судење ми се враќа како нова епизода од мојот живот.

Ова го рече оштетениот Љубе Бошкоски на денешното рочиште во Кривичниот суд, на кое се сослушува во својство на сведок.

Одговарајќи на прашање од обвинителот на СЈО Љубомир Лапе, Бошкоски рече дека на 6 јуни 2011 година, ден по изборите, бил повикан од негов пријател во ресторанот „Воденица“ за да решат должничко-доверителски односи што ги имале од претходно. Кога го завршил разговорот со тоа лице, кого, како што рече Бошкоски, го сметал за пријаел, со него носел кеса со пари што не ги броел, иако биле изложени пред него, излегол и тргнал кон автомобилот на паркингот.

– Само што излегов слушнав како некој вика стој полиција. Некои од полицајците носеа капи фантомки. Почнаа да викаат легнете го ѓубрето и во еден момент ме легнаа на асфалтот како најголем криминалец, рече Бошкоски.

Додаде дека при апсењето не давал отпор. Од полицајците слушнал дека ова му е поздрав од шефот и дека не му бегаат седум-осум години затвор.

Бошкоски, како што рече, тогаш рекол „знам дека ме намести твојот шеф Саша. Некој рече да не се спомнува името Саша, туку шеф, издигнувајќи го како библиска личност, затоа што во Библијата стои „не го споменувај попусто Бога“, рече Бошкоски.

Тој оцени дека апсењето било политички реваншизам што произлегол од неговите јавни настапи по напуштањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на Обединети за Македонија.

Бошкоски рече дека ќе бара обвинетите кривично да одговараат, а за оштетното побарување ќе каже во текот на постапката.

На денешното рочиште на „Тортура“ се присутни првоосомничениот Сашо Мијалков и останатите обвинети во овој случај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.