Фрапантни примери од пракса за првите ефекти од примената на новиот Закон за абортус. Од невладината организација ХЕРА објаснуваат што се случува сега, во овој период кога стариот Закон сеуште важи, а се внесуваат елементи од новиот Закон.
Денес зедов слободен ден од работа, денес сум решила да абортирам, доаѓам од село и не можам да доаѓам повторно“, изјавила жена од село која решила да абортира во државна болница.
Оваа жена морала да помине низ истиот стрес, да отиде кај матичниот доктор, да се враќа во болница да чека од 3 до 5 дена, бидејќи 3-тиот ден се погодил во сабота, а дури потоа следува денот кога ќе ја прекине бременоста. Ваков проблем немаат жените кои одлучуваат да абортираат на приватна клиника. Тие заминуваат да абортираат на места каде нема да чекаат 3 дена.
Ова се само дел од негативните ефекти, кои ги споделија пред јавноста ХЕРА заедно со Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници, кои денеска покренаа постапка за оценување на уставноста на новиот закон за абортус.
Гинеколозите новиот Закон, го оценуваат како агресивен и непрактичен и секоја буква може да се чита и толкува различно, а со него нема да се намали бројот на несакани бремености, туку постоин опасност од пораст на смртността поради илегалните абортуси.
-Со овој закон, секогаш може да те казнат или да ја притиснат пациентката. Прекин на бременост не е лесна работа, го одолговлекуваме само стресот, го комплицираме живот на жените и на нас с докторите. Ова не е ефикасен начин за намалување на бројот на абортуси, сметаат гениколозите.
Истражувањето на ХЕРА покажува дека иако медицинските установи и лекарите имаат наредба да го применуваат законот, не постојат официјални прописи за спроведување. Во некои институции советува гинекологот, во некои тим на психолози и социјални работници.
Ако нема официјален акт за советување, сепак се даваат вербални насоки да се потенцираат негативните ефекти од прекинот на бременоста. Во однос на задолжителното советување, кое го предвидува новиот закон, иако нема официјален акт за советување, сепак се даваат вербални насоки да се потенцираат негативните ефекти од прекинот на бременоста.
Од Хелсиншкиот комитет сматаат дека Законот произведува страв и инхибиција.
-Наместо да се работи повеќе на преветива и едукација за сексуална заштита ние се соочуваме со фашизоидно решение рече Уранија Пировска претседател на Хелсиншкиот комитет на човекови права.