НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парите од буџетот за референдумот ќе се делат само на ТВ и радија

1
By Соња Петрушевска on September 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието одлучи парите што ги доби од Буџетот за кампања за референдумот да ги додели само на телевизии и на радио станици. Се работи за повеќе од 700 000 евра, колку што останаа на посебната собраниска сметка. Од Владата беа префрлени вкупно 80 милиони денари односно повеќе од 1,3 милион евра. Од овие пари, повеќе од 500 000 евра беа предвидени за кампања против Договорот со Грција, но беа вратени на Буџетот, откако ВМРО ДПМНЕ побара парите да се пренаменат за други цели.

И претседателот на Собранието Талат Џафери денеска потврди дека Координативното тело на Собранието за водење на референдумската кампања донело одлука парите да се поделат само на телевизиите и на радио станиците.

На прашањето, зошто се исклучени интернет порталите и весниците, собраниски извори велат дека ,,Координативното тело одлучило дека не може да ги подели парите на сите медиуми кои се пријавиле до ДИК во законскиот рок и затоа одлучило парите да се поделат само по телевизии и радио станици“.

Пратеници од Координативното тело исто така, додаваат дека одлуката била донесена во согласност со упатствата на ДИК.

Од Државната изборна комисија упатуваат на Правилникот објавен на нивната интернет страна во кој се регулира и јавната пропаганда, каде што на ниту еден начин не се исклучени електронските медиуми и весниците.

Во овој сегмент од правилникот во кој се регулира дека овластениот предлагач може да води јавна пропаганда пишува дека ,,за јавна пропаганда ќе се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на овластениот предлагач, јавно истакнување на плакати, медиумско и интернет претставување….. радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) да утврдат ценовници за платена пропаганда за референдумот.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмaни вели дека никој не може да ги дискриминира медиумите при распределба на јавни пари.

„Повторно се пумпаат пари во телевизиите кои не знаат да работат по пазарни цени, а со кои власта покажува дека сака да ја одржува врската“, вели Селмани. Тој додава дека доколку се работи за приватни пари, секој може да одлучи каде ќе се рекламира, но за пари од буџетот, не може да има дискриминација.

До ДИК 65 телевизии и радио станици доставиле ценовници. Џафери кажа дека имаат право да откупат медиумски простор по 9 минути во час и дека медиумскиот план ќе биде објавен на веб-страната на Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.