Поранешниот британски премиер, Тони Блер ќе биде еден од гостите на мировниот фестивал што го организира Сахара Групацијата во Скопје. На фестивалот кој е поддржан и од фондацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, тој ќе се обрати само со видео порака.
Македонија ќе биде домаќин на повеќе политичари, бизнисмени и познати личности кои заедно ќе ја упатат пораката за мир и единство на 1 и 2 октомври.
Како што најави генерланиот координатор на фестивалот, Амриш Чандра, Субрата Рој заедно со неговото семејство, пристигнува во недела. Планирано е во вторник тој да го отвори фестивалот кој се организира групацијата Сахара.
Штафета на мирот, полноќен фестивал на Камениот мост и перформанс во објектот на старо-новиот театар се дел од содржините. Центарот на Скопје ќе биде осветлен со сина боја. Планот на Сахара е фестивалот да се прошири во 13 држави од Балканот и пошироко.




