По соопштението на Општина Центар, механизација спроти Бристол престана да работи и беше повлечена од градилиштето.
Како што се гледа на фотографијата, нивото на водата во градежниот ископ е зголемено.

Според информациите на граѓаните, се работи за излез од евакуационен ходник од Собранието на Република Македонија.
Од општина Центар го прашуваат министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески дали пред почетокот на градежните работи минстерството и тој самиот имале сознанија дека тука постои ваков подземен објект.
– Ја прашуваме министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска доколку постоеле такви сознанија, дали тоа беше причината непосредно пред отпочнувањето на градежните работи да испрати цела армија на специјалци?, реагираат од општина Центар.
„Напоменувам дека пред 10тина како градоначалник на општината, но и како граѓанин упатив отворено писмо до министерката Јанкуловска со прашање зошто центарот на Скопје се наоѓа под полициска опсада. До денеска немам добиено никаков одговор од министерката за внатрешни работи“, нагласи градоначалникот Жерновски.




