Published: Friday, September 27, 2013 18:47
Директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков побара извинување од лидерот на СДСМ Зоран Заев за изјавата која ја даде во интервјуто за „НОВА“, во средата, објавува весникот „Вест“.
Полномошникот на Мијалков, адвокатот Антонио Апостолски, вчера му испратил писмо на лидерот на СДСМ, со кое бара извинување за изјавата дадена во интервјуто за НОВА, како и на прес – конференциите, кои содржат клевети и навреди.
Адвокатот се повикува на член 13 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда и, „во насока на ублажување на штетата“, очекува во рокот определен со закон Заев да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на изјавата.




