Повикувајќи се на Обединетите Нации како организација која го штити меѓународното право, во својот говор пред Генералното Собрание, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски ги повика Обединетите Нации поактивно да дејствуваат во спорот со името со Грција.
Ставот на Македонија е дека секоја земја според меѓународното право има право да се нарекува како што сака, и со тоа земјата нема да преговара во спорот со Грција надвор од рамките, потврдувајќи дека Македонија нема да прифати преименување.
Во својот говор, Груевски се осврна на историјатот на проблемот, и потенцираше дека тој не треба да се остави на идните генерации, туку треба да се реши сега, само со поголемо посредство на меѓународната заедница и пред се, ОН. Трајноста на овој проблем е недозволиво и тапка во место.
„Огромното мнозинство на земји кои го признаваат нашето уставно име, Р. Македонија, а кои се над 135 членки на ОН, јасно покажуваат дека мнозинството на земји не веруваат дека овој спор има и оправдана политичка основа, според мене се работи за класична политизација“, изјави Груевски.
Доколу ОН бидат инертни по ова прашање, вели македонскиот премиер, тогаш тоа ќе значи неуспех за организацијата, посочи Груевски.
Груевски потсети на пресудата на Меѓународниот суд на правда, како и на улогата на ОН во почитувањето на меѓународното право




