НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изчезнаа телата на двајцата мигранти кои загинаа на патот Радовиш-Штип

1
By Менче Атанасова Точи on September 13, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изчезнаа телата на двајцата мигранти кои на 25 јуни годинава загинаа во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип во близина на рудникот Бучим.

Повеќе од два месеца никој не знае каде се телата на загинатите момчиња кои го изгубија животот кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата.

Во невладината организација Легис велат дека не можат да ги најдат телата и да ги погребаат по муслиманските обичаи како што барале нивните семејства.

„Не знаеме каде се телата , тогаш од верската заедница рекоа дека ќе ги погребаат во Штип. Ги прашуваме оџите дали ги викнале, нема такво нешто. Ги бараме за да бидат погребани според муслиманските обичаи бидејќи тоа е според основните човекови права, тоа им следува. Се обидуваме во институциите да дознаеме каде се, но никој не знае да кажа каде се телата“, изјави Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Станува збор за двајца млади луѓе од кои едниот е Сакир Ахмед од Бангладеш,  роден 1.01. 1989 година, а идентитетот на вториот кој е од Шри Ланка, не го знаат.

Во Институтот за Судска медицина за НОВА потврдија дека обдукција на двајцата загинати била направена на 26 јуни, еден ден по несреќата, но велат дека телата не се кај нив и не знаат каде се.

Директорот Александар Станков вели дека по обдукцијата телата се праќаат во АД Бутел и ако не се појави никој да ги побара, тие ги закопуваат.

“Телата се обдуцирани кај нас, земена е ДНК по што се заведени како НН, односно непознати лица. Ова е направено така бидејќи од МВР не добивме службена белешка дека се идентификувани“, изјави Станков за НОВА.

Од друга страна во Легис велат дека Јавен обвинител излегол на местото на несреќата и ги има податоците од загинатите. Од Легис велат дека личните документи им биле во џебовите и по идентификацијата биле предадени на нивните роднини кои биле тогаш тука. Зошто се заведени како непознати лица, не им е јасно.

Од Судска медицина велат доколку ги пронајдат телата или пак бидат есхумирани,  роднините нивниот идентитет треба да го докажат со ДНК анализа, односно да достават и тие примероци за анализа.

НОВА неколку пати се обиде да ги добие надлежните во АД Бутел каде детално беше објаснето зошто ги бараме, но и покрај настојувањето да стапиме во контакт со директорот или раководителката, оставивме и контакт телефон, од таму немаше никаков одговор.

Останува да се види што ќе одговорат надлежните од АД Бутел во наредните денови и дали се таму телата на двајцата загинати мигранти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.