НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матис: Русија финансира проруски групи за поткопување на референдумот

4
By Нова ТВ on September 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пред новинарите во авионот за време на летот до Скопје.

– Тие префрлија пари, а исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание, рече Матис, кој утрово допатува во Македонија, јави „Вашингтон пост“.

– Треба да го оставиме македонскиот народ сам да одлучи, оцени американскиот министер, осудувајќи ги руските напори да ги искористат своите пари и влијание за да се изгради опозиција на престојното гласање што на земјата ќе и го отвори патот до НАТО – на што Москва се противи, наведува „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека на 30 септември Македонците ќе гласаат за тоа дали да се одобри новото име – Северна Македонија во обид да се смири Грција, која со години го блокираше патот на Македонија кон НАТО и Европската унија. Но, на секој напредок кон членството во НАТО на балканската држава остро се спротивставува на Русија, која не сака Алијансата да се прошири на подрачјата што порано беа под влијание на Москва, потенцира „Вашингтон пост“.

Весникот потсетува дека Матис е најновиот во низата меѓународни лидери кои ја посетуваат Македонија за да искажат поддршка за референдумот, а воедно тој е и највисокиот официјален претставник на САД што ја посетил земјата. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германската канцеларка Ангела Меркел и австрискиот канцелар Себастијан Курц, ја посетија државата и дадоа јавна поддршка за промена на името, велејќи дека е круцијално за земјата да влезе во НАТО по неколкугодишно чекање.

Матис рече дека тој и другите сојузници од НАТО го кажуваат јавно она што го мислат.

– Ние не даваме пари на луѓето зад сцената, ние не ги спојуваме партиите што ги контролираме или се обидуваме да ги контролираме, потенцира Матис.

– Постои оваа кампања за влијание, со која се обидува да се купат луѓе и обид да се поддржат проруските организации, изјави Лаура Купер, американски заменик-помошник секретар за одбрана, одговорна за Русија и регионот. Таа рече дека не може да даде детали за исплатите, но рече дека САД е свесна за финансиската поддршка што Москва ја дава на про-руските поединци и групи кои работат на поткопување на референдумот.

Русија „сега со дезинформации и други форми на малигни влијанија се обидува да го смени мислењето на македонскиот народ, вели таа и како примери ги наведе напорите да се убедат луѓето дека гласањето не е релевантно и оти не е последниот чекор за влез во НАТО.

Евелин Фаркас, експерт за регионот и поранешен советник во Министерството одбраната оцени дека посетата на Матис на Македонија може да помогне за зголемување на поддршката за промена на името.

– Мислам дека Матис може да оствари напредок преку испраќање силна порака до опозицијата, која е незгодно тивка, дека тие треба да излезат со целосна поддршка, бидејќи нема да добијат подобра шанса подоцна, рече Фаркас. -Тој може да им каже дека ова е нивна последна шанса, вели таа за „Вашингтон пост“.

Фаркас, кој неодамна беше во Македонија, исто така рече дека посетата ја потврдува посветеноста на Америка на регионот и потребата за стабилност во тој дел на Европа.

Вашингтон пост Матис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.