Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слободен Индекс бара дописници студенти од земјата

0
By Нова ТВ on September 28, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 28, 2013 16:09

Образовниот систем одамна колабира и веќе е клинички мртов. Состојбата е катастрофална. Слична е и состојбата по домовите, а сериозно загрижувачки се и притисоците што ги трпат студентите таму, недостигот на елементарни услови за живот, корумпираноста и бизнисот со леглата и слично.

Од тој аспект, секој во земјава би требало да биде запознаен со тоа што се случува со образовниот систем и студентските домови. Како движење, ние, активистите од Слободен Индекс не можеме баш секогаш да ги следиме сите тие случувања, едноставно – физички е невозможно. Ние не сме студентски парламент, ниту пак имаме предизборна програма со ветувања, а уште помалку заработуваме од вас – студентите.

Ние постоиме за да поттикнеме студентска борба и да го артикулираме гневот на продуктивен начин, со цел да се избориме за автономни, слободни универзитети, бесплатно образование, пристоен студентски стандард и услови во студентските домови, односно во крајна линија – квалитетен и еманципаторен образовен систем кој нема да произведува евтина работна рака и автоматизирани мозоци, туку критички настроени студенти, двигатели на општествените процеси.

Затоа, ве повикуваме – тие што сметате дека немате доволно време активно да се вклучите во движењето и да присуствувате на неговите состаноци, а сакате да бидете пријатели на движењето – еден вид на волонтери, да станете дописници за Слободен Индекс. Свесни сме дека стравот е присутен, а исто и дехуманизацијата на општеството е сè поголема, паралелно со притисоците врз студентот, па еве, на овој начин секој од вас би можел да допринесе во борбата за образовниот систем – на својот факултет.
Што треба да направиш?
Едноставно, биди студент. Ти знаеш што се случува на твојот факултет – следи ги тие настани и кога и да чувствуваш дека некое случување заслужува внимание од пошироката јавност, извести нè на нашиот email – sloboden.indeks@gmail и ние ќе го објавиме тоа, а се разбира твојот идентитет, доколку ти имаш желба – ќе биде заштитен, односно ќе бидеш анонимен.

~ Еден свет, една борба! Образованието не е за продажба! ~

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.