Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски е избран за претседател на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ на денешното основачко собрание на партијата.
„ГРОМ ќе се бори граѓаните да имаат поголемо учество во власта, преку нивни предлози, иницијативи и сугестии, како и предлагање на нивни проекти. Нашата партија ќе делува за самата себе и ќе ја поттикнуваме опозицијата и освестуваме власта, изјави Јакимовски пред присутните делагати и гости на основачкото собрание.
Осврнувајќи се градбените активности во главниот град, Јакимовски напомена дека е против и дека ќе се заложи за развој на сите градови на Македонија.
Во врска со прашањето за името, ГРОМ нема да поддржи никаков референдум за менување на името на државата, и од партијата предлагаат нашата држава да биде Република Македонија за сите други земји.
Сепак, ставот на ГРОМ е да се избере уште едно име кое ќе биде во согласност со двете држави и кое ќе важи само за односите со Грција.
Пред годинешниве локални избори, претседателот на ГРОМ, Јакимовски, се дистанцираше од најголемата опозициска партија, СДСМ, а потоа се кандидираше како кандидат на Српската напредна странка на Македонија, партија чиј претседател е Драгиша Милетиќ.
Откако победи во трката за градоначалничката фотелја, тој покрена иницијатива за основање на нова политичка партија во Македонија.




