Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колозова за „Катимерини“: Договорот е победа за двете страни

0
By Нова ТВ on September 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 20, 2018 13:51

Професорката по философија и родови студии Катерина Колозова во интервју за грчкиот весник Катимерини говори за атмосферата пред одржувањето на референдумот, за значењето на Договорот од Преспа за македонско – грчките односи и за поширокиот регион.

Неколку недели пред референдумот, како би ја опишале политичката сцена во Скопје? Последните анкети покажаа тесна битка. Каква е состојбата сега?

-Мислам дека ќе биде тесна битка до самиот крај. Според последната анкета спроведена од две тинк-тенк организации и една телевизија (Телма), 40% од испитаниците рекле дека ќе гласаат „за“, додека 42,9% одбиле да го искажат својот став. Тие 42,9% најверојатно решиле да го бојкотираат референдумот како промислен политички став – тој да биде неуспешен. Останатите се двоумат. Доколку ова е случај, референдумот нема да ја има потребната излезност. Постои силна веројатност тој да биде неуспешен. Во таков случај, владата ќе побара да се изгласаат промени на Уставот во Собранието. Мене ми е нејасно како владата мисли да добие 2/3 од гласовите потребни за промени на Уставот. Сметам дека најголемиот предизвик за парламентарното мнозинство ќе биде да го добие потребниот број гласови од пратениците, но без да се постигне некој минимален дијалог со ВМРО-ДПМНЕ, оваа задача се чини невозможна.

Дали овој договор значи победа за обете страни? Бидејќи во Грција, исто како и во Македонија, главните опозициски партии се против Преспанскиот договор

-Сметам дека договорот е победа за обете страни, бидејќи на Грција ѝ дава ерга омнес решение, нешто што во минатото се чинеше крајно неверојатно, а претставуваше задолжителен услов на Грција за секаков договор. Според истражувањето спроведено пред неколку години од колегите на Институтот во кој работам, грчката страна ги отфрлила сите предлози на Мeтју Нимиц, не поради тоа што не се согласувала со предложените придавки кон името на земјата, туку поради фактот што предлозите го исклучувале ерга омнес решението. Очигледно, независно од политичкиот состав на својата влада, Грција секогаш инсистирала на ерга омнес решение без отстапка. Што се однесува до Република Македонија, секогаш постоела загриженост дека промената на името ќе го избрише етничкиот идентитет на нацијата. Тоа се однесува и на оние кои никогаш не го прифатија наративот на антиквизација и не гледаа на македонскиот етнички идентитет како на нешто поврзано со грчата антика, односно со Кралството Македонија. Многумина и од нас, кои сме растеле во Југославија и сме учеле дека сме јужнословенски народ, беа исплашени дека идентитетот ќе биде избришан со бришењето на името на државата, особено доколку се усвои како ерга омнес. Верувам дека билатерален договор кој го гарантира правото на самоопределување, вклучително и етничко и национално – а истовремено не покажува претензии кон грчката антика – претставува победа за обете страни и тие треба да бидат задоволни со постигнатиот договор.

Покрај тоа, (веројатно) мнозинството Грци веруваат дека нивната влада „предала делови од својата историја и култура на луѓе кои со децении се обидуваат да се протнат како потомци на Александар Велики“. Имајќи го тоа предвид, дали сметате дека овој Договор е изводлив?

-Но, Договорот многу конкретно и прецизно го наведува спротивното: Доколку го прочитате внимателно Член 7 од Договорот, ќе видите дека правото на самоопределување кое им се дава на етничките Македонци децидно ја исклучува секоја можност за идентификување со Кралството Македонија на Античка Грција. Ваквото исклучување е толку експлицитно во Договорот што не гледам основа за загриженост од грчка страна. Етничката идентификација, а следствено и националната, е ограничена на територијата на она што порано беше Социјалистичка Република Македонија како дел од Југославија, и претензиите кон грчката историја, и по тој основ, се исклучени. Верувам дека националистите на обете страни или намерно погрешно го читаат Договорот или едноставно не го разбираат поради наследена недоверба. Најлошото е што обичните луѓе се манипуларани од националистистички елити без самите да го имаат прочитано и протолкувано Договорот.

Кој е вашиот коментар на „парадоксот“ на постоење на два народа, обата кои се нарекуваат Македонци, а кои немаат ништо заедничко, освен религијата…

-Едниот од овие два народа се идентификува со името како национална и етничка деноминација (Република Македонија), додека другата страна го гледа како регионален идентитет, при што националниот и етничкиот идентитет останува грчки. Грција го негува културното наследство на античкиот период до тој степен што го гледа како фундамент на својот национален идентитет. Од друга страна, кога се појави идејата за посебна македонска нација во 19-иот век, повеќето од револуционерите и интелектуалците зад неа, практично воопшто не ја поврзуваа со периодот на грчката и/или македонската антика – таа го подразбираше славофонското население на географските територии на Македонија на Отоманската империја. Во тоа време паралели во однос на идентитетот и моделите на национално ослободување се повлекуваа со други словенски народи од регионот, како што се Бугарите или Србите, а не со Грција и нејзиниот национален наратив на Антика. Поврзувањата со антиката се релативно нов „изум“ кој зема сила кон крајот на 90-ите под влијание главно на грчкиот национализам (моето тврдење е дека доколку Грција не ја претставеше антиката како проблем во основата на спорот, целиот процес на антиквизација најверојтно немаше да се случи во Македонија).

Нешто што нè води до нашата заедничка балканска историја. Преспанскиот договор е последниот од серијата договори кои се однесуваат Балканскиот Полуостров. А ќе следуваат и други (пр. Косово). Претпоставувам ќе се согласите дека постои огромен „историски товар“. Како ја замислувате иднината на регионот?

-Верувам дека токму Преспанскиот договор, кој го става на страна историското и културното наследство додека деликатно ги решава легитимните причини за загриженост кои произлегуваат од него и ги применува современите концепти на политичката теорија и меѓународните односи, со основните принципи како што се правото на самоопределување, претставува модел за иднината на Балканот. Наместо да продолжиме да се гушиме заробени во нашето „грандиозно“ минато, со секој од нас фиксиран на својата историска „грандиозност“, несвесни дека заостануваме зад политичко-економската сегашност, да не зборувам за иднината, треба да се фокусираме на динамична политичко-економска соработка и стратешки сојузи кои ќе бидат потрајни и поотпорни од самата Европска унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.