НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политиката како дрога без која не се може

0
By Нова ТВ on September 29, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичарите работат и по 80 часа неделно. Често се изложени на жестоки критики и отпор. Поради постојаниот стрес и притисок, многу и се разболуваат. Но и покрај тоа не се во состојба да се повлечат, aнализира Дојче веле на македонски.

Кој ја гледал внимателно германската канцеларка во последно време може да го забележи уморот. Но сепак, во говорите и интервјуата за медиумите за време на изборната кампања, таа одново нагласуваше дека и покрај осум години (колку што се наоѓа на чело на земјата) се` уште не чувствува умор или заситеност.

„Нејзината телесна состојба е зачудувачка…“, ја пофали Ангела Меркел овие денови нејзиниот поранешен политички противник Волфганг Клемент, поранешен министер за економија и поранешен премиер на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија. И него, токму како и на канцеларката, му е потребен многу малку сон. Денес Клемент има 73 години, но се` уште секое утро трча и по десет километри и денот го започнува со 40 склекови.

Меркел не телефонира туку пишува смс- пораки

Но сепак, без оглед и на добрата телесна кондиција на Меркел, Клемент вели дека секој политичар кој е на висока функција треба по осум години да се повлече. „Да се биде на функција подолго од два мандати, всушност не може да се издржи. Уморот се забележува пред се‘ во креативноста…“ вели Клемент.

Но, германската канцеларка очигледно не помислува на повлекување, иако добро знае дека со енергијата која и‘ стои на располагање мора да биде внимателна, без излишно трошење. Тоа е на некој начин и тајната на нејзиниот успех. Како што вели партискиот колега Волфганг Бозбах, „таа е прагматична и во истовреме сто проценти концентрирана на својата работа“.

„Нејзиното работно време е строго испланирано, до последната секунда. Освен тоа, таа е опкружена со добри соработници кои се идентификуваат со работата, се добри организатори и многу добро комуницираат“, вели Бозбах во разговор за Дојче веле.

Освен тоа, Ангела Меркел по правило не зборува по телефон, туку комуницира со смс-пораки. Доколку е тоа можно, не оди на ручек, туку често додека е на нејзиното работно место, јаде чинија супа од леќа. Не пуши, не пие алкохол и наводно не јаде ни слатки. Не е суетна и не се оптоварува со изборот на облека наутро, како ни со премногу размислување околу тоа каде ќе го помине годишниот одмор.

Таа секогаш патува на истите места – во зима во Понтресино, а во лето во јужен Тирол. „Издржливоста е одлучувачка во политиката, како во приватниот живот, така и во работата. Да се води демократска политика е многу напорно, полно со предизвици, бидејќи бара и голема подготвеност на компромиси. Доколку не се успее првиот пат со некој предлог или идеја, нема откажување, туку треба да се почне од почеток. Тоа е таканаречената главна карактеристика на работата“, вели Клемент. Тој, како што вели, доживеал и случки во кои луѓето не можеле да ги применат овие „ритуали“ и морале да се повлечат – уморни и измачени.

Водење висока политика е прашање на конституција

Најнов пример за повлекување на еден политичар е Матијас Плацек. Овој социјалдемократ по 11 години даде оставка на функцијата премиер на сојузната покраина Бранденбург. Иако беше со намера до 70-та година да се занимава со политика, по еден помал срцев удар, лекарот му советуваше повлекување. „Можеш да работиш неделно по 40 или 50 часа, но 80 е премногу. Заборави!“, го цитираше 59-годишниот Плацек својот лекар.

И Волгфанг Бозбах е болен и овој факт не се обидува да го скрие. Политичарот од партијата на Христијанските демократи (ЦДУ) е болен од рак и има слабо срце. Но и покрај тоа, овој политичар не помислува да се повлече. Напротив, на последните избори повторно се кандидираше за пратеник во Бундестагот. Бозбах тврди дека работи и до 70 часа неделно, но истовремено нагласува дека „се` зависи од тоа што се подразбира под поимот работа и работење“.

Тој вели дека и покрај тоа има доволно време за фамилијата и пријателите. Што се однесува на политиката, тој вели дека не е зависен од неа, туку таа е само важен дел од неговиот живот. „Инјекциите, витамините и другите средства за енергија, не ми се потребни. Најдоброто средство за добивање повеќе енергија се добрите изборни резултати“, вели Бозбах. Тој признава дека на почетокот го оптоварувале паушалните критики на сметка на неговата работа, но денес опуштено вели дека повеќето не можат да знаат колку еден политичар е оптоварен бидејќи 99 отсто од задачите се завршуваат далеку од очите на јавноста.

Алкохолизмот е важна тема

На прашањето колку многу работат политичарите, една од ретките која дава можност да се види нејзиниот календар со термини е Ангелика Граф, пратеник на социјалдемократите во Бундестагот и ополномоштеник на својата партија по прашањата за злоупотреба на дрога.

Таа неодамна на својата интернет страница ги објави своите дневни распореди. Нив исто така им ги даде на увид и на посетителите на германскиот парламент. Нејзината цел притоа беше „да ги скрши востановените уверувања дека политичарите не работат ништо, но затоа се добро платени“.

„Но, ова на медиумите секако дека не им е интересно. Поедноставно е да се претстават политичарите во лошо светло“, критикува Граф и вели дека овие предрасуди ја вознемируваат цело време откако е во Бундестагот – од нејзината 19. година. „Без оглед како се чувствувам, секое утро станувам и одам таму каде што морам“, вели таа. Граф вели дека овој начин на живот и работење е можен и без таблети, но навечер „сепак е полесно да се опуштиш и да заборавиш се‘ со една чаша вино“.

„Алкохолизмот е во секој случај кај политичарите важна тема иако не се зборува за неа“, признава Граф. Таа веќе се обиде да се избори за основање посебно психолошко советувалиште за преоптоварени и уморни пратеници во Бундестагот, но нејзиниот предлог не наиде на поддршка. „На колегите очигледно би им било незгодно другите да ги затекнат пред вратата на советувалиштето“, вели Ангелика Граф.

Што е всушност главниот двигател на политичарите? Што е тоа што ги тера да ги издржат сите напори, да го ризикуваат и сопственото здравје, а на коцка да го ставаат и семејството? „Факт е дека оваа работа може да ве исполни. Политичарите имаат можност да направат многу за другите, да создадат политика според своите уверувања, дури и ако не сте на некоја висока функција во некое министерство“, вели 66-годишната политичарка. По пет мандати, таа оваа година не се кандидирала за пратеник во Парламентот. „Политиката е како дрога и јас во секој случај ќе продолжам да ја работам оваа работа и без мандат“, признава Ангелика Граф. Нејзиниот партиски колега, споменатиот Плацек, исто така не сака целосно да се повлече од политиката. Откако даде оставка од функцијата премиер на Брандендбург, тој повторно се кандидираше за пратеник во покраинскиот парламент.

Политичар – професија без рок на траење

Како што многумина велат, излегувањето од политиката треба да биде добро подготвено. Од друга страна сепак, тие кои веќе не извршуваат некоја должност, се` уште се многу активни. Еден од нив е и Волфганг Клемент. Тој денес всушност не прави ништо помалку отколку во времето кога беше носител на еден од мандатите.

Како политички советник и лобист, толку е баран што мораше да основа посебна канцеларија која „се занимава со организација на неговиот професионален живот“. „Но во меѓувреме сам се навикнав на кратка попладневна пауза. Легнувам на 10 до 20 минути за да ги наполнам батериите“, наведува Клемент и додава како животниот век не игра никаква улога. „Се` зависи од тоа колку радост ви носи работата. Мене мојата работа ми го носи тоа“, вели Волфганг Клемент. А познавајќи ја Ангела Меркел, многу веројатно е дека и таа го дели неговото мислење.

Извор: Дојче веле на македонски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.