Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Нападите на 27 април беа насочени кон Заев, Спасовски

1
By Нова ТВ on September 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 25, 2018 12:09

Со сведочење на Ацо Ангеловски, поранешен телохранител на Оливер Спасовски, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, сведокот кажа дека на 27 април бил дел од тимот на личното обезбедување на Оливер Спасовски. Објасни дека со возило истиот ден околу 10 часот заедно со Спасовски стигнале до Собранието и тие останале во возилото.

„Ми беше чудно и невообичаено што има многу малку полицајци околу Собранието. Прашав за тоа еден од полициските службеници кај влезот Винер и ми кажа дека голем дел од полицајците користат службени одмори“, рече Ангеловски.

Околу 18 часот добил повик од колегата Сашо Тасевски, кој му рекол дека имаат наредба да влезат во прес салата на Собранието, бидејќи им се загрозени животите на Спасовски и останатите. Во Собранието влегле од главниот влез, каде веќе биле отворени вратите.

„Кога влеговме во прес центарот Спасовски и останатите беа во еден ќош. Имаше голем број луѓе со фантомки, а толпата маваше со што ќе стигне. Многу од пратениците беа повредени и ние застанавме во жив штит“, рече Ангеловски.

Бев удрен со метална шипка во главата, за што имам и лекарска документација.

„Нападите изгледаа како да се командувани. Мое мислење е дека целиот напад беше насочен кон Зоран Заев, Оливер Спасовски, Петре Шилегов и останатите пратеници. Бевме колабирани и веќе час и половина не мачеа. Бев во шок и слушнав само некој како дава наредба убијте ги. Масата веќе тргна кон нас и јас ја извадив полициската легитимација и пиштолот. Викнав полиција отстапете и испукав еден куршум. Тогаш како толпата да отстапи. Ова беше по моја одлука и убедување бидејќи 12 години имам рабоетно како обезбедување во Собранието“, рече Ангеловски.

По некое време, посочи тој, нападите повторно продолжија и сега веќе беа насочени кон мене. Еден со фантомка ми дојде и удри три четири бокса, по што ми се раскрвари горната уста, рече тој.

По некое време се слушна силна експлозија и влезе ЕБР, направи кородор и не однесе во канцеларијата на Ѓорчев.

„Поради крварењето и повредите ми ставија инекции и се обидоа да ме изнесат од Собранието. По неколку обиди од излезот од гаражи не изнесоа со амбилантно возило, но толпата ја откорнала вратата од амбулантното возило и возачот избегал, по што седнал да го управува обезбедувањето на Никола Тодоров и ме однеле на КИРИЛ“, рече сведокот Ангеловски.

Сведокот на неколку пати во својот исказ наместо Оливер Спасовски кажа Оливер Поповски, но брзо се поправаше. Кажа дека Поповски го посетил во болница, по што беше повторно потпрашан од судот дали Спасовски или Поповски, а тој рече да, Поповски ме посети.

Ангеловски за време на исказот беше видно вознемирен и на моменти зборуваше со солзи во очите.

Прашан од одбраната дали цело време го имал оружјето во раце, сведокот кажа дека двајца од толпата се обиделе да му го земат, од кој едниот го препознал дека му е колега од МВР, но му го отргнал и пиштолот го ставил во футрола.

На прашање од одбраната, дали му е потребна наредба да пука или да заштити некого, сведокот објасни дека ако животот е загрозен тие не може да чекаат наредба за да дејствуваат, туку постапува по службена должност.

Претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска, пред почетокот на судењето кажа дека во однос на реакциите за траењето на судските рочишта, тоа е поради економичност на судскиот процес и согласно конвенцијата на европскиот суд за човекови права, која голем акцент става на правото на судење во разумен рок.

За случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.