Published: Sunday, September 29, 2013 16:29
Во скопската населба Тафталиџе во Карпош 3 се одржа протест на граѓаните кои се против изградбата на катна гаража на местото на паркот кој се наоѓа во непосредна близина на Франкофонската градинка и на ОУ „Лазо Трповски“, зад зградата на ул. Никола Русински бр. 4.
Жителите не се согласуваат на сметка на зелената површина да никне катна гаража од која ќе имаат загадување на животната средина. Тие бараат од Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општината, да донесе одлука за прекин на проектот за изградба на катна гаража.




