Published: Sunday, September 30, 2018 10:00
Рекорден број домашни и странски набљудувачи на избирачките места го следат процесот на изјаснување на граѓаните за референдумското прашање.
Oфицијалната бројка на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, од кои 493 странски набљудувачи, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.
Граѓанската асоцијација МОСТ го следи референдумот со повеќе од 1.500 набљудувачи. За сега регистрирале прекин на гласањето на едно гласачко место во Струмица и навредливи графити.




