Од речи си 90 отсто обработени податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 18:30 часот на гласање излегле 620.077 гласачи или 34.72 отсто од вкупниот број запишани гласачи.
„Генерална оценка е дека денот помина во добра атмосферата со исклучок на одредени инциденти кои се случија поладнето. Но по брзата реакција на Општинските изборни комисии (ОИК) и избрачиктие одбори одредени инциденти се санкционирани. Ако постои основа ние како ДИК ќе преземе постапки особено ако се настанати од членови на избирачки одбори“, рече Деркоски.
Претходно во текот на денот ДИК соопшти дека излезноста на референдумот на дијаспората изнесува 36,56 отсто или гласале вкупно 985 лица од 2.694 лица со право на глас. Во затворите гласале 64.69 отсто од затворениците со право на глас. Од 1859 лица кои гласаат дома, односно болни и немоќни, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи.
Во врска со инцидентот што вчера се случи на гласачко место во Мелбурн, Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.
Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите требаше да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „За“ или „Против“.
Право на глас имаат еден милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во избирачкиот список.




