Претседателот на Сојузот Драги Аргировски нагласено ја пофали политиката на Владата по неговата денешна средба со министерот за финасии Ставревски.
-Пензионерите треба да бидат сигурни во политиките на Владата, а доказ за тоа е што просечната пензија во наредната година со најавеното зголемување од пет проценти ќе достигне над 11.000 денари и ќе биде за 50 проценти повисока од онаа во 2006 година, рече Ставрески.
– Уште еднаш им соопштивме дека треба да бидат сигурни во политиките на Владата и дека Владата ќе продолжи со зголемувањето на пезниите, изјави вицепремиерот Ставрески по средбата потсетувајќи дека 288.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите со пензијата исплатена во март наредната година, рече Ставрески и нагласи дека во 2013 година просечната пензија е зголемена за 50 проценти во однос на нивото од 2006 година.
Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери Драги Аргировски ги поздрави ги поздрави и како позитивни ги оценки сите мерки што ги презема Владата, а кои се од интерес за сите пензионери.
– Добивме позитивни вести за зголемување на пезниите од март идната година. Добро е што продолжува и проектот за бањско-климатска рекреација, како и за намалување на лековите, а важно е што од нова година сите пензиоенри со подпросечна пензија добиваат и бесплатно болничко лекување, потенцира Аргировски.




