Published: Monday, September 30, 2013 09:32
Во еднодневна официјална посета на министерството за одбрана на Македонија денеска пристигнува делегација од министерството за косовските безбедносни сили, предводена од министерот Агим Чеку.
Во рамки на неговата посета Чеку ќе оставри средба со неговиот домаќин, Талат Џафери, а воедно ќе се сретне и со деканот на воената академија и питомците од Косово. Министерот Чеку ќе има свое предавање и на Воената Академија.




