Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник 2“: Сведочеше членот на ДИК Кондарко

0
By Нова ТВ on October 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 1, 2018 16:15

Актуелниот член на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочеше во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“ за изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година кога Кондарко беше претседател на ДИК.

Тој, на прашање на обвинетиот Бедредин Ибраими, рече дека во тоа време бил предложен за член на ДИК од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и дека бил избран од Собранието на РМ за претседател на Комисијата. На прашање дали за Избирачкото место 1727 во Струмица било изготвено соодветно решението, Кондарко рече дека не се сеќава на тоа, а во одговор на друго прашање потенцира дека укажувал на постапката на гласањето на Избирачкиот одбор.

По првите два одговори на сведокот, реагираше обвинителката Фатиме Фетаи да се преведува на албански јазик се со цел да му се овозможи тоа право на обвинетиот Мендух Тачи. Претседателот на ДПА рече дека нема потреба за овој сведок преведувач, но судијата Огнен Ставрев наложи секое излагање во судницата да биде преведувано.

Бедредин гласно коментираше за сведочењето на Кондарко оти на повеќето прашања одговорил дека не се сеќавал на некои одлуки или посебно за конкретното избирачко место, на што обвинителот Гаврил Бубевски искоментира дека до сега, во судската пракса, не се слушнало некој да се жали на сведочење на свој сведок.

Кондарко на прашања поставени од адвокатот Боро Тасевски и обвинетиот Сашо Срцев, одговори дека не се сеќава за многу детали за решенијата и за поништувањето на гласањето на конкретното избирачко место, но рече дека се сеќава дека имало постапка на Управниот суд за неколку избирачки места на кои имало повторување на изборите. Сведокот рече дека не се сеќава дека дали за избирачкото место 1727 имало барање за отворање на изборниот материјал но додаде дека имале ситуации на поставување на предлози за повеќе приговори да се отворат гласачки материјал за некое избирачко место.

По, сведокот Кондарко, Ставрев имаше предлог да се слушаат сведоците од Струмица на што бурно реагираше Бедредин Ибраими со удирање со рака на клупата пред него и рече дека него му се суди по обвинение во кое може да добие пет години затвор, а судот си го бира редоследот на сведоците. Ибраими му се обрати на обвинителот Бубевски со зборовите дека за вакво неосновано обвинение ќе се учи на правните факултети. Судијата Ставрев му предложи на Ибраими да излезе 10 минути да се смири, а потоа да продолжи судењето.

Рочиштето продолжи со директно испрашување на сведоците на одбраната, Васил Крстев и Павлинка Динева, која пак предпладне беше вкрстено испрашувана од дел од одбраната. Таа и Крстев ги повторија одговорите од претходните рочишта кога беа сведоци на обвинителството.

Во Кривичен во моментов се сослушуваат сведоците Виолета Дума и Субхи Јакупи.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Титаник2"
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.