Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпион: Увид само адвокати со безбедносен сертификат

0
By Нова ТВ on September 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2013 09:58

Адвокатите кои поседуваат безбедносен сертификат не мора да чекаат декласификација на актите за случајот „Шпион“ и уште сега може да побараат увид во нив, објавува Дојче веле на македонски.

Истражниот судија од Одделот за организиран криминал, Владимир Туфегџиќ, вели дека не се потребни безбесносни сертификати, бидејќи ќе се декласифицираат актите кои ќе бидат користени во судскиот процес.

Тоа значи дека за сите докази на кои претходно ќе им биде симната тајноста, ќе може да се говори само во судницата. Јавноста нема да дознае врз основа на кои докази се уапсени и им се суди на осомничените во случајот „Шпион”.

Гордан Калајџиев, професор од Правниот факултет на УКИМ и претседател на Хелсиншкиот Комитет, се согласува дека на јавните обвинители, судиите и бранителите не би требало да им е потребен безбедносен сертификат, бидејќи тие од една страна имаат овластувања по функција, а од друга страна работат со декласифицирани информации. Но, ја акцентира важноста од увид на јавноста во судскиот процес.

Упатените во оваа проблематика велат дека постапката за декласифицирање на информациите е поедноставна. Во случај кога се потребни безбедносни сртификати, нив ќе мора да ги обезбедат сите корисници на класифицирани информации во судскиот процес, а тоа е многу широк круг – обвинители, судии, адвокати, дактилографки, многу технички лица кои по службена должност имаат пристап до нив и новинари.

Истрагата треба да финишира со обвинение најдоцна за 6 месеци од приведувањето на осомничените. Во акцијата „Шпион” првично беа уапсени 17 лица, а од едно од трите лица по кои беше распишана меѓународна потерница пред една недела беше уапсено во Чешка.

Најголемиот дел од уапсените се поранешни и сега вработени во безбедносните ресори. Тие
се осомничени за шионажа во корист на странски безбедносни служби, како и за уцени и измами.

Меѓу имињата неофцијално се споменуваат Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, генерал Горан Стојков, Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, како и припадник на цивилната служба на АРМ, кој бил вработен во Секторот на човечки ресурси, додека режисерот Борис Дамовски после приведувањето дента беше пуштен на слобода.

Пред две недели, Канал 5 објави дека унгарската разузнавачка служба била главен клиент на осомничените за шпионажа иако се споменува и грчката и руската служба.

Документи и извештаи со разузнавачки информации кои имале дури и кодни имиња биле препраќани до странските служби преку специјален сателитски систем.

Уценувани биле повеќе јавни личности.

Според информациите до кои до сега дошле органите на прогонот еден познат бизнисмен одбил да даде голема сума на пари која дел од осомничените му ја барале. Во спротивно дел од осомничените му се заканувале дека ќе објават текстови за спорна приватизација на една од неговите фирми.

Друг бизнисмен, и поранешен политичар кој одамна е надвор од Македонија, добил абер во Белград да исплати 200 илјади евра за да не излезат некои информации и за него.

Меѓу личностите кои биле на мета на групата се споменува и еден доктор и еден актуелен функционер и поранешен директор на државна агенција.

Според информациите од првичната истрага осомничените од државниот Архив добиле 3 копии од досиеја.

Едното е на поранешен функционер кој од пред неколку месеци се наоѓа во притвор за друго дело.

Другиот е за одамна починат политички емигрант.

За третиот иако досието не било предмет на лустрација му барале 30 илјади евра и му се заканувале по живот: Твојот кодошки живот вреди 30 илјади евра или ќе умреш како куче. Ако пријавиш ќе почнеме од жена ти па се по ред. Купи си го гревот до недела, била една од пораките кои стасале до оштетениот, објавува канал 5.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.