Кривична пријава за вршење кривични дела против културното наследство и природните реткости е поднесена вчера против 14 лица. Од нив 13 се приведени, а по еден се трага.
Како што соопшти МВР, акцијата е реализирана реализирана со цел да се сузбие организирана повеќечлена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола.
Осомничените, ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност на повеќе археолошки локалитети низ повеќе локации во државата меѓу кои Струмица и Велес ги продавале на заинтересирани лица од странство, најчесто од Албанија, Турција и Грција.
Како што претходно објавија дел од медиумите еден од приведените е татко на режисерот Јани Бојаџи. Ангеловски денеска демантираше каква било поврзаност меѓу овој случај и филмот на Бојаџи „Ругање со Христа“, кој предизвика контроверзи, а Министерството за култура го означи како скандалозен, бидејќи ги навредувал чувствата на Албанците.
” Апсолутно отфрлам какви било поврзаности. МВР го спроведува законот, секој кој сторил кривично дело ќе одговара за тоа без разлика дали е нечој син, ќерка, татко. На оваа акција се работеше повеќе од една година”, рече портпаролот на МВР.
Режисерот Бојаџи вчера објави дека во домот на неговите родители во Струмица изутрината е извршен претрес по што татко му е приведен и донесен во полициската станица во Гази Баба во Скопје.







