Во Њујорк ништо ново. Двете страни, и Грција и Македонија остануваат надвор од рамките на решението кое го нуди Нимиц а кое е поддржано од ЕУ и САД. Овој предлог за решение од април го објави НОВА во целост.
Предлогот предвидува таканаречените идентитетски прашања да се остават на страна и да не бидат предмет на компромисното решение. Делумно во овој дел се забележува позитивен исчекор од официјална Атина. Шефот на грчката дипломатија при обраќањето од говорницата на ООН во Њујорк јасно порача дека се бара решение коа ќе направи прецизна дистинкција меѓу регионот Македонија во Грција и Република Македонија. За разлика од неговиот претходник лани, Венизелос овој пат не спомна ништо околу иредентизмот и идентитеските прашања, што познавачите го толкуваат како благо предвижување напред на грчката дипломатија кон предлогот на Нимиц и ставовите на САД и ЕУ.
Сепак Атина останува во дискрепанца со предлогот кој е ставен на маса со инсистирањето компромисното решение за името да биде за меѓународна но и домашна употреба, како и со отрфлањето на предлогот на Нимиц компромисното решение во фазата додека траат преговорите за членство со ЕУ да го замени ФИРОМ, а дури со членството во ЕУ автоматски да влезе во Уставот како име за меѓународна употреба.
Од своја страна пак Македонија исто така останува во дискрепанца со Нимиц, САД, и ЕУ, со инсистирањето придавката Република да биде онаа која ќе ја направи јасната дистинкција меѓу регионот Македонија во Грција и државата Македонија. Според предлогот на Нимц во оптек се Горна или Северна како географски референци со кои би се задоволило грчкото барање за јасна дистинкција на териториите во регионот Македонија.
Македонија исто така инсистира Грција да се откаже од блокада на интеграцијата во ЕУ и НАТО, повикувајќи се на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг. ЕУ и САД имаат малку разбирање за оваа позиција на Македонија со оглед на тоа што пресудата се однесува на сите случувања до 2008 година и самитот на НАТО во Букурешт, кога меѓународните фактори немаа дилеми околу невиноста на официјално Скопје. За жал ситуацијата почна да се проблематизира по 2008 година кога Македонија влезе во таканаречениот процес на антиквизација или како што тоа го објасни поранешниот шеф на дипломатијата Милошески, покажување на средниот прст кон јужниот сосед. Ова покажување на средниот прст го видоа сите што делумно го неутрализираа ефектот на пресудата од Хаг.
Штета врз ефектите на пресудата од Хаг дополнително нанесоа и слабите демократски перформанси на Македонија во изминатите 4 години а кои беа јасно нотирани во извештаите на ЕУ и САД.
Да потсетиме, предлогот на Нимц подржан од ЕУ и САД предвидува географска референца Горна или Севрена. Името со оваа референца според овој предлог треба да го замени ФИРОМ, да обезбеди членство во НАТО и старт на преговори со ЕУ. Името со географска одредница би влегло во Уставот за меѓународна употреба дента кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.
Грција и Македонија засега делуваат секој на своја страна надвор од рамката на Нимиц, ЕУ и САД. Европската и американската дипломатија како што дознава НОВА, во моментов прават обид да обезбедат тет-а-тет средба на Груевски и Самарас во обид да се доближат ставовите на двете страни во насока на конечно решение.