„Точно е, Панче Орцев и Динчо Иванов, сопругот на пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова, станаа познати и популарни, ама по сомнителни тендери за испумпување на пари на граѓаните. И не само тие, туку половина раководство на СДСМ во Струмица“, соопштува ВМРО – ДПМНЕ по реакцијата на СДСМ на нивата прес-конференција.
Ивановски: Функционери заплетени во мрежата на Заеви
ВМРО – ДПМНЕ смета дека тие се горди на ваквата популарност, затоа што и претседателот на СДСМ Зоран Заев се гордее со овој скандал.
СДСМ: За разлика од Владата, тендерите на Заев се законски
„СДСМ нека се гордеат и понатака. Не само Струмица, туку и цела Македонија разбра за семејно-политичкиот системот за богатење на Зоран Заев, неговата фамилија и неговите политички пријатели“, велат во ВМРО – ДПМНЕ.




