Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на барањето на директорот на УБК да се извини за изјави во интервјуто на НОВА од минатата недела, на барање на НОВА за став излезе со одговор дека нема намера се извинува.
-Ниту размислувам,ниту имам намера да му се извинам на Сашо Мијалков.Јас и СДСМ имаме основано сомнеие за прашањата што ги поставуваме.
Реакцијата на Сашо Мијалков говори за степенот на дрскост и ароганција на оваа власт. Наместо тој и неговиот прв братучед Никола Груевски да одговорат на прашањата адресирани до нив,Мијалков се заканува со тужба и бара од мене и опозицијата да се откажеме од основната улога што ја имаме во општеството. Да ги разобличиме злоупотребите и криминалите на власта и да ги презентираме во јавноста.
Сашо Мијалков ќе тужи.За него поставени прашања се клевета и навреда.Семоќниот клан Груевски не е навикнат да одговара на ненарачани прашања.Најлесно им е да ги искористат поданиците во судството да пресудат во нивна полза.
Искрено верувам дека судиите конечно ќе смогнат храброст и ќе се спротивстават да објавуваат однапред напишани пресуди.Наместо образот на сомнителни лица,да се обидат да го исчистат образот на еден од столбовите на демократијата-судската власт, вели Заев.




