Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Кашоги: Турција поседува докази дека новинарот е убиен

1
By Нова ТВ on October 12, 2018 ВЕСТИ
Фото: Би Би Си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 12, 2018 08:27

Турската Влада информирала високи американски претставници дека поседува видео и аудио записи, кои докажуваат дека саудсикиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, тврди весникот „Вашингтон Пост“.

Весникот, чиј соработник беше Кашоги, наведува дека снимките укажуваат оти припадници на судиските безбедносни служби го привеле Кашоги по неговото пристигнување во Конзулатот на 2 октомври за да ги обезбеди потребните документи за венчавка, по што го убиле и го расекле неговото тело.

– Снимките на гласовите во Конзулатот докажуваат што се случило со Џамал по неговото приситгнување, тврди извор на весникот запознат со содржината на записите, кој побарал анонимност.

Изворот наведува дека на снимките може да се слушне како Кашоги бил приведен, сослушуван, измачуван и на крајот убиен.

Постоењето на ваквите записи објаснуваат зошто турските власти веднаш ја обвинија Саудиска Арабија за убиството на Кашоги, но не сакаат јавно да ги обелоденат снимките, бидејќи со тоа ќе се докаже дека Турција ги прислушува странските институции во земјата, наведува весникот.

Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калан вчера соопшти дека на предлог на Саудиска Арабија било одлучено да се формира заедничка турско-саудиска работна група за расветлување на случајот со Кашоги.

Турските медиуми објавија фотографија од наводен саудиски „тим за убиство“, составен од 15 лица, а исто така објавија и видео снимка за „сомнителни движења“ во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по исчезнувањето на Кашоги.

Саудиска Арабија не го коментираше објавувањето на фотографијата и видео снимката, останувајќи на ставот дека новинарот ја напуштил зградата неповреден.

Претходно, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека очекува целосна соработка од Саудиска Арабија за случајот.

– Сакаме да соработуваме со Саудиска Арабија, бидејќи тоа се случи во саудискиот Генерален конзулат. Саудиска Арабија мора да соработува со нас, посочи Чавушоглу.

Кашоги (59), кој од лани живее во егзил во САД, е долгогодишен новинар. Тој е ангажиран во „Вашингтон пост“ и е познат по критичките текстови за саудиските власти. Во неговите текстови тој ја критикуваше Саудиска Арабија и поради војната со Јемен и спорот со Канада.

Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-те години на минатиот век дури се обидувал да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.

Притисок врз Саудиска Арабија

Високи претставници на ОН изразија загриженост до Саудиска Арабија поради необјаснетото исчезнување на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Турција, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.

– Не располагаме со информација од независен извор, ние не сме вклучени во истрагата. Официјални претставници на ОН контактираа со саудиски претставници во Њујорк за да изразат загриженост за судбината на Кашоги, рече Дижарик.

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ ги повика сојузниците од Ријад да ги преиспитаат односите со Саудиска Арабија по исчезнувањето на Кашоги.

– Ако Саудиска Арабија е одговорна за исчезнувањето и можното убиство на Кашоги, САД, Обединетото Кралство, Европската унија и другите сојузници на Ријад треба да ги преиспитаат своите односи со Саудијците, посочи организацијата.

Британскиот милијардер Ричард Бренсон рече дека неговата компанија „Вирџин груп“, со оглед на настаните околу исчезнувањето на Кашоги, ќе ги прекине преговорите со саудискиот Фонд за јавни инвестиции за една милијарда долари во вселенски проекти на „Вирџин“.

Бизнисменот исто така најави дека поради исчезнувањето на Кашоги тој ќе се повлече од управувањето со два саудиски туристички проекта кај Црвеното Море.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.