Published: Monday, September 30, 2013 17:22
Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1 му го продолжил притворот на актерот Кирил Поп Христов за нови 30 дена, јави Канал 5 ТВ.
Од кривичниот суд за Канал 5 потврдија дека притворот е продолжен поради опасност од бегство и повторување на делото.
Кили минатата недела неколку пати беше носен на прегледи на скопските клиники. Неговото семејство и одбраната бараат укинување на притворот бидејќи му е неопходен соодветен медицински третман за туморот.
Кили беше уапсен на 6ти септември во куќата на неговата мајка во Визбегово, каде полицијата открила мини лабораторија со 80 саксии канабис сатива.
Заедно со Кили обвинет е и неговиот брат Вчадимир Поп Христов кој е се уште недостапен за органите на прогонот.




