Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се надминати причините поради кои лекарите си заминаа

0
By Нова ТВ on October 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 1, 2013 10:57

Македонските лекари кои работат во странство да се вратат назад, повика министерот за здравство, Никола Тодоров. Со новата мерка, лекарите кои работат повеќе од 5 години надвор од земјава ќе бидат примени на работа во јавните установи во Македонија како дел од проектот за враќање на докторите од приватното во јавното здравство.

Како што изјави Тодоров целта е еминентните и докажани доктори, да се вратат во државните институции и додаде дека оглас за нив ќе биде објавен денес.

НОВА се обрати до некои од еминетните и докажани доктори со барање да ни дадат нивна реакција за овој апел на министерот.

Првиот коментар ни стигна од доктор Кирил Трпков кој е редовен професор по Патологија на Универзитетот во Калгари, Канада. Во неговата реакција испратена до редакцијата на НОВА се вели:

“Не сакам да навлегувам во заднината на апелов, зошто токму сега се објавува, и како е направена оваа проценка. Не гледам дека зад ова стои некоја обмислена стратегија или план како да се вклучат лекарите од Македонија, што како специјалисти работат повеќе од 5 години надвор. Со лични импресии, кампањи и пароли – сепак не се креира здравствена политика, а само се фрла прашина дека нешто сериозно се прави. Искрено, не гледам дека за последниве 8 години работите во Македонија, како целина, се смениле на подобро за да се тврди дека во јавното здравство (за кое е упатен апелов) е достигнато нивото на кое здравството функционира на Запад. Сметам. пред се, дека ниту една од причините зошто тие лекари заминале од Македонија, не е надмината. Во ситуација кога Македонија назадува на секој поглед и се наоѓа во колапс, и политички и економски, и кога демократијата и функционирањето на правото се само мислени именки, а партиската припадност е услов за опстанок, зарем некој што живее и работи во “нормални услови”, би решил да го рескира и сопствениот и семејниот живот и да се врати назад? Паричниот надомест и не е најважен. Затоа, моја оценка е дека овој повик е несериозен и несоодветен, па дури и смешен. Вистина, ја сакам Македонија, ја посетувам секоја година, но вакви апели не ми влеваат верба дека работите се движат на подобро” вели професорот Трпков.

Редакцијата на НОВА ќе ги објавува сите коментари на лекари кои заминале во странство за апелот на министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.