Published: Tuesday, October 1, 2013 10:39
Неколку дена по смртта на Душан Љубисављевиќ-Дуле, синоќа бил ограбен ресторанот Доменика, кој бил во негова сопственост, потврдија од МВР, јавуваат македонските медиуми.
Полицијата вели дека во интерес на истрагата не даваат дополнителни информации
За кражбата е уапсен келнерот, кој неколку години работел кај пејачот. Тој работел со Дуле, во време кога го имал ресторанот „Балканика“.
Ресторанот Доменика, Дуле го отвори само неколку месеци пред неговата смрт, заедно со својата сопруга Љупка.




