Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнуваат преговорите со НАТО, Собранието ќе одлучи за членството

0
By Нова ТВ on October 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 16, 2018 14:09

Претпристапните преговори за приклучување  на Македонија во НАТО официјално почнуваат в четврток и петок во Брисел, со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интеграција на  седиштето на Алијансата каде ќе се сретнат со нејзини претставници кои ќе бидат вклучени во процесот на утврдување на усогласеноста на земјата со стандардите на НАТО.

Со оваа сесија разговори во Брисел, Македонија де факто ја отвора последната фаза во односите со НАТО пред членството во Алијансата за што земјата доби покана на Самитот во јули во Брисел оваа година. Ова го истакна денеска на прес-конференција националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски кој заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров говореа за техничкиот дел на разговорите, но и за целокупниот контекст во кој тие ќе отпочнат односно собраниската дебата за предлогот за пристапување кон уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција за решавање на спорот за името.

– Сето ова треба да оди преку имплементација на Договорот од Преспа, како што впрочем и ни диктира доминатната политичка волја на мнозинството македонски граѓани. Според сите анализи направени од релевантни институции и поединци, нашето членство во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста на земјата, но во исто време ќе биде и позитивен пример и придонес кон регионалнатата безбедност, стабилност и просперитет, рече Пендаровски.

Тој појасни дека Комитетот за интеграција на НАТО кој е на министерско ниво беше формално реактивиран откако Македонија ја доби поканата за членство, а на оперативно ниво Работниот комитет за интеграција на чие чело е тој, веднаш почнал со реализација на обврските кои произлегуваат од програмата за продолжување на реформите која е изготвена на ниво на нацрт. Примарниот фокус во оваа програма што ќе биде презентирана на првиот состанок е насочен кон владеењето на правото, судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во одбранбениот сектор, но и во безбедносните служби, како и правните прашања кои произлегуваат од членството на Македонија во НАТО.

Разговорите ќе се одвиваат во две сесии, првата ќе ги опфати политичките и одбранбените прашања за исполнување на критериумите, а втората прашањата поврзани со ресурсите, безбедноста, правните аспекти, како и придонесот на Макеоднија во заедничкиот буџет на Алијансата. Во оваа фаза на преговорите начелно ќе биде утврдена временската рамка за нивно комплетирање.

Пендаровски истакна дека процесот би требало да заврши до крајот на декември оваа година, во јануари 2019 е предвидено Македонија да го потпише протоколот за пристапување со право на учество во сите тела и органи на НАТО, но без можност да гласа, а приемот во полноправно членство ќе се случи откако земјите членки ќе го ратификуваат тој протокол за пристапување, секоја поединечно во своите национални парламенти. Во случајот со Македонија предвидено е Грција да биде првата земја членка која што ќе го ратификува овој протокол, откако земјата ќе го заврши својот дел од обврските од Договорот во Преспа.

– Со добивањето на полноправно членство ќе се реализира нашата стратешка цел, а членството во НАТО ќе биде силна гаранција за стабилноста, сигурноста, неменливоста на границата и зачувување на територијалниот интегритет. Членството во НАТО е важен предуслов за економскиот развој, стимулирање на инвестициите подобро платени работни места и просперитет, рече министерката Шекеринска.

Таа посочи дека пред почетокот на претпристапните разговори се совпаднал со расправата во Собранието за уставните измени. Истакна дека сега е момент сите пратеници да докажат дека се подготвени зборовите и ветувањата што претходно ги изнесувале во однос на тоа дека членството во НАТО е стратешка цел на земјата да ги претворат во дела.

 

– Сите политички партии се исправени пред историска шанса. Со притискање на копчето за, ќе учествуват во финалните чекори од 27 годишниот маратон за членство на нашата татковина во НАТО. Успехот на Македонија зависи од нивната одлука, истакна министерката Шекеринска.

Таа нагласи дека претпристапните преговори и уставните измени се процеси кои се одвиваат паралелно.

– Јасно е дека одлуката што ќе ја донесе Собранието е одлука која де факто ќе пресуди дали Македонија ќе стане членка на НАТО во многу блиска иднина. И тоа секој пратеник во Собранието на Република Македонија треба да го знае, дека од секој од нив зависи дали Македонија ќе ја искористи оваа шанса. Доколку зборувавме за НАТО и ЕУ, сега е моментот тоа да го покажеме на дело. Секој од тие гласови ќе влијае дали Македонија ќе ја отвори вратата на НАТО, рече Шекеринска.

Доколку тоа не се случи, додаде министерката за одбрана, и во опозицијата надвладеат партиски, а не државни интереси, тогаш се очекува Собранието во најбрз можен рок да распише предвремени парламентарни избори на кои, како што рече, „ќе го обезбедиме двотретинското мнозинство“.

– И во двете варијанти Македонија и нејзините стратешки цели мора да победат и немаме дилеми дека тоа ќе се случи, нагласи Шекеринска.

Министерот Димитров посочувајќи го значењето на влезот на Македонија во НАТО во однос на гаранција на безбедноста на државата, но и можноста за нејзиниот натамошен просперитет истакна дека со Договорот со Грција кој беше предуслов за одблокирање на процесот земјата да добие покана всушност се афирмира македонскиот идентитет.

– Ние си ја преземавме одговорноста, сега процесот е во Собранието на РМ, влогот е огромен, на една страна го имаме членството на НАТО најсилната одбранбена организација во светот, истовремено тоа е и економски клуб бидејќи членството носи многу економски бенефиции за нас,тоа е порака дека Македонија тука да остане во тие граници, нагласи Димитров.

Тој истакна оти неизвесноста доколку процесот не успее е и дали ќе има нова грчка влада  што ќе сака да го отвори овој процес и на какви позиции ќе биде таа влада.

Шефот на дипломатијата додаде дека огромно мнозинство од граѓаните речиси 94 проценти од оние кои излегоа на референдумот се изјаснија за и додаде оти во моментов ситуацијата е парадоксална кога за позитивна одлука на народот потребни се повеќе гласови против.

– Не смееме да бегаме од нашата одговорност, нема поголем патриотизам од преземање на одговорноста и визијата за иднината, порача Димитров додавајќи дека сега во моментов се е во рацете на пратениците.

По првпат врз основа на правото за самопределување го определуваме индентитетот на македонскиот народ со признавање на македонскиот јазик. Ќе влеземе во НАТО како Македонци заедно со сите наши други сограѓани, ќе си ја делиме судбината во нашата Македонија и отвораме пат да почнеме преговори со ЕУ. На другата страна има неизвесност, дури и полошо од неизвесност бидејќи индициите дали индициите одат во насока, дали НАТО ќе биде спремно, дали и има друг пат, рече Димитров, потсетувајќи на зачестените пораки кои генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ги даде во изминатиов период дека нема план Б во однос на членството на Македонија освен имплементација на Договорот од Преспа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.