Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на владината седница

3
By Нова ТВ on October 17, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: документо.гр
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 17, 2018 13:46

Поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос за време на вчерашната владина седница, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка. Ова, повикувајќи се на свои информации, го објавија дел од грчките медиуми, пренесува МИА.

Несогласувањата меѓу двајцата министри Каменос и Коѕијас, како што вчера објави МИА, прераснале во жолчна расправија. Според грчките медиуми, од една страна поради ставовите на помалиот коалициски партнер во владата во однос на Договорот од Преспа и надворешната политика, а од друга страна, атмосферата се вжештила и кога Каменос ги споменал тајните фондови во грчкото МНР.

– Според информациите, министерот за надворешни работи се чини дека ја разгледува дури и можноста за поднесување оставка, бидејќи смета дека во конфронтацијата со министерот за одбрана, немаше доволна покриеност од Алексис Ципрас, пишува грчкиот весник „Та неа“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, истата информација ја објавија и голем дел други грчки медиуми, додека, пак, кавгата меѓу Каменос и Коѕијас се најде на насловните страници на денешните изданија на весниците, но беше и главна тема во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии.

Весникот „Та неа“, во денешното издание пишува дека инцидентот почнал кога збор земал Каменос и рекол дека во програмата на коалициската влада на СИРИЗА и Независни Грци имало договор дека прашањето за името во грчкиот Парламент ќе дојде по изборите, „иако Ципрас ми рече дека Договорот од Преспа е избор на владата“.

Според истите извори, Никос Коѕијас вознемирен побара збор и заради споменување на фондовите во МНР од страна на Каменос. Според членовите на министерскиот совет, директно го обвини Каменос дека „се обидува да води надворешна политика на товар на владата и на земјата“, пишува „Та неа“.

Дел од медиумите во Грција, денес објавија дел и дијалозите меѓу Каменос и Коѕијас. Според информативниот портал „Ин“, разговорот бил следниот:

Каменос: Го задржувам мислењето за името на ПЈРМ. Нема да се вклучам во обидот за буткање на владата.

Коѕијас:  Се трудиш да водиш надворешна политика на товар на владата и на земјата за да им служиш на свои политички и лични стремежи!

Каменос: Имаше потврда од страна на Министерството за надворешни работи дека скопското прашање ќе дојде во парламентот по изборите…

Коѕијас: Немаше такво нешто. Чекорите што беа направени беа одобрени од премиерот и од надлежните органи. Можеби си пропуштил некои владини седници.

Каменос: Ги имаме разјаснето нашата позиција и нашиот став. Не е лажен како на Мицотакис. Мојата процена е дека Договорот нема да дојде во Парламентот затоа што нема да заврши процесот во Скопје. Во секој случај нема да се идентификуваме со Нова демократија во обидот да се турне владата.

Ципрас: Договорот е на владата, не на Министерството за надворешни работи.

Според дел од медиумите во Грција, несогласувањата и кавгата меѓу Каменос и Коѕијас продолжиле и околу фондовите во грчкото МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.