Барањето за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски е преседан во овој момент од судската постапка, која е пред крај, рече Блерим Беџети, министерот за правда.
Министерството за правда со внимание го разгледува барањето на Здружението на новинари на Македонија и дополнително ќе одлучува за него. Сепак, министерот Беџети смета дека Томислав Кежаровски одговара за тешко кривично дело, а не за објавен текст.
ЗНМ минатата недела од министерот побара да покрене иницијатива до претседателот Ѓорге Иванов за помилување на новинарот, поставувајќи го тоа како услов за повторно почнување на дијалог со Владата. Инаку, денеска зад затворени врaти продолжи судењето за случајот „Ликвидација“.
Либералната партија вчера го повикува Министерот за правда, во рамките на своите законски надлежности, да поведе постапка за помилување на новинарот Томислав Кежаровски.
Претседателот на Република Македонија, согласно надлежноста која му ја дава Законот за помилување, да го помилува новинарот Кежаровски, во интерес на Република Македонија.
Причините за ваквите брања на Либералите произлегуваат, како што стои во нивното соопштение, е тоа што обвинението и текот на судскиот процес за Кежаровски, новинар обвинет за напишан текст, постојано ја бранува како домашната, така и пошироката јавност.




