НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Обвинение за новинар кој ширел омраза и ксенофобија на интернет

1
By Нова ТВ on October 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Основното јавно обвинителство Скопје соопшто дека до Основниот суд Скопје 1 Скопје е доставено обвинение за едно лице за  за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (чл.394-г ст.1 од Кривичниот законик).
Според соопштението се работи за новинар кој промовирал омраза во врска со пожарите на грчкито полуостров Атика, каде имаше и човечки жртви.

-Лицето се товари дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител преку Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази. Осомниченото лице не дало свој исказ пред надлежен јавен обвинител, бидејќи не било достапно на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

-Дополнително, во конкретниот случај, обвинителството имаше увид и во дадените коментари од други лица кон објавениот текст на осомничениот, но притоа оцени дека од кривично-правен аспект постојат основи за постапување само против осомниченото лице, бидејќи тој врз основа на својот општествен статус и професијата која ја извршува, со објавата ги поттикнал останатите коментари во јавноста, се вели во соопштението.

Ова е второ обвинение од ОЈО за неколку дена, откако претходно ОЈО поднесе обвинение против едно лице-јавна личност за закана кон новинар преку социјална мрежа.

 

-Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, соопшти ОЈО Скопје.

Иако од обвинителство поради презумција на невиност не соопштуваат детали за идентитетот на обвинетиот, според датумот кога е објавена заканата, најверојатно станува збор за Тони Михајловски кој тогаш на Твитер и Фејсбук напиша: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“, пишува Слободен печат.

Тогаш реагираше и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од каде уште тогаш најавија кривична против Михајловски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.